ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗШВ: Петтиот столб од земјоделскиот буџет за 2023 е носител на модернизацијата на земјоделскиот сектор

December 14, 2022 10:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Петтиот столб на кој се заснова буџетот на земјоделскиот сектор е модернизацијата во земјоделството, која ја реализираме преку ИПАРД 3  Програмата, Проектот со поддршка од Светска Банка и нашите подмерки од мерка 121 „Модернизација во земјоделското стопнаство“ од Програмата за рурален развој, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Бележиме 95% реализација на средствата предвидени во ИПАРД 2 програмата, со склучени и веќе реализирани над 2.000 договори, што не позиционираше како земја лидер. Европската Комисија ги зголеми средствата во новата ИПАРД 3 програма за 62% со што, на располагање ќе имаме 97 милиони евра наменети за инвестиции во следните 7 години. Предвидуваме авансна исплата до 50% и го зголемуваме прагот на минимум прифатливите трошоци по проект. Успешната приказна на ИПАРД ја продолжуваме и во 2023 година“, истакнуваат од МЗШВ.

Оттаму велат дека преку поддршка од Светска Банка се реализира проектот за модернизација.

„Во 2023 ќе започне изградбата на трите откупни центри, во Ресен, Струмица и Скопје. Ова се три најголеми капитални проекти со кои се модернизира домашното земјоделство. Оваа година веќе ја започнавме постапката за проектирање и подготовка на урбанистичката документација за сите три откупни центри, а веќе е потпишан грантот за воспоставување на систем за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло. За прв пат, државата ќе изгради вакви современи објекти, како една од целите за модернизација, а системот за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло има и друга цел – ќе придонесе за намалување на стакленички гасови со што Северна Македонија преку конкретна мерка ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа“. наведуваат од МЗШВ.

„Модернизацијата ќе ја спроведуваме и преку нашата мерка 121 од Програмата за рурален развој, која предвидува набавка на силоси, комбајни и сушари за ориз, какко и опрема за тутун, кои ќе ги кофинансираме до 600.000 денари. Ќе го поддржиме и интензивирањето на смарт земјоделство на набавка на модерни технологии во примарното производство, со кофинансирање до 600.000 денари. Поддршката за смарт земјоделство ќе овозможи набавка на современа опрема за контрола на влага, здравје на растенијата, контролирана употреба на пестициди, како и набавка на дронови и софтвери кои ќе се вградуваат во земјоделската механизација. Предвидени се и мерки за подобрување на пазарната конкурентност преку поддршка за маркетинг на земјоделските производи, наменета за набавка на специјални возила за директна продажба на земјоделски производи, со висина до 70% од прифатливите трошоци“, истакнуваат во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Tags: земјоделствоИПАРД 3рурален развојСветска Банка
Next Post

АД ЕСМ: Со домашно производство целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk