ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почетокот на неделата донесе промени во цените на пченицата и пченката

December 14, 2022 11:22
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештаите од Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA) имаат големо влијание врз светскиот пазар на житарки. Минатата недела покажува дека Австралија треба да постигне рекорден извоз оваа сезона, за разлика од Аргентина, која ќе падне на најниско ниво во последните осум години. Сепак, поголемиот извоз од Австралија, ЕУ, Русија и Украина ќе го надомести тоа.

Оваа анализа ги намали цените на пченицата во САД и Европа, кои паднаа за речиси 60 евра по тон во последните шест недели, пишува Agrarheute. Така, во петокот вечерта, терминскиот договор за март 2023 година на берзата во Чикаго падна за 13 центи, на 733 центи за бушел (0,25 евра/кг).

И на парискиот MATIF терминскиот договор за декември падна за 5 евра, на 302 евра за тон, а исто толку се тргуваше и за следните договори.

Почетокот на неделата донесе промени. Имено, викендов поради нападот на Одеса, Украина, дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија во важно пристаниште на Црното Море. Дополнително, мерките за ковид-19 беа олеснети во Кина, што доведе до раст на цените.

Така вчера на францускиот MATIF пченицата за договори во март се тргуваше за 1,3 отсто повисока цена и чинеше 306,25 евра/т. Како што пишува Farmer, котациите во однос на претходната година се зголемени за 7,5 отсто. И серијата договори што истекуваа со испорака во декември пораснаа за 0,1 отсто, на 303,00 евра/тон.

На берзата во Чикаго, за декемвриските договори се зголеми за 2,8 отсто на 269,33 американски долари/тон и е за 6,3 отсто понизок од минатата година.

Тргување со пченка

Цената на пченката на Париската берза во мартовскиот договор порасна за 0,3 отсто и изнесуваше 287,50 евра/т, што е зголемување за 16,4 отсто во однос на лани.

На берзата во Чикаго нејзината цена за испорака во декември порасна за 1,0 отсто и изнесуваше 252,45 американски долари/т и во однос на минатата година е зголемена за 9 отсто.

Извор: Агротим

 

Tags: пченицапченкасветски пазар
Next Post

На Попова Шапка снежна покривка од четири сантиметри

Shortcut

Најново

Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk