ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски: Културните клубови треба да ги зближуваат граѓаните, а не да создаваат раздор

December 15, 2022 13:03
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во нашата држава законите важат за сите без исклучок, така што се она што е во согласност со закон треба да биде спроведено. Точно е дека вчера имаше во Брисел состанок, меѓутоа доколку ги погледнете заклучоците, тие се комплетно во насока на исполнување на европскиот пат на државата и во согласност со стандардите на ЕУ. Тоа е добро и тоа е за поздравување, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ да ја одбие предлог-декларацијата на Бугарија со која се бараше „ефективно гонење и осуда од страна на властите во Северна Македонија на злосторства од омраза“.

Тоа, додаде Ковачевски, само потврдува дека доколку се седи на големата маса во Брисел и се преговара тогаш најдобро може да се истакне позицијата на Северна Македонија во однос на сите аспекти на процесот на придвижување

– Меѓутоа, она што нормално дека ќе го истакнам е дека секако заштитата на човековите права е еден од клучните критериуми за влегување во ЕУ. Ние сме држава која што во тој дел веројатно во земјите од Западен Балкан има најмногу напредувано со оглед на законската регулатива, со оглед на уставното уредување, со оглед на сите институции коишто ги имаме воведено и исто така јас тука не би имал грижи во иднина дека нема да се покажеме како исполнителни во делот на заштитата на човековите права на сите граѓани како што тоа сме го правеле и досега, рече Ковачевски.

Што се однесува до културните клубови, тој уште еднаш потенцираше дека тие „треба да бидат места коишто ги зближуваат граѓаните од регионот, а не места коишто создаваат раздор“.

– Тие треба да бидат места каде што се споделува културата на одреден народ, на одредена држава во рамки на друга држава каде што ќе можат граѓаните да се запознаат со неа. Пример за начин на институционална и меѓудржавна комуникација беше отворањето на Бугарскиот културен центар тука во Скопје кога тоа го направија министрите за култура. Пример за таква соработка, исто така, беше и отворањето на прес-центарот на нашата Медиумска информативна агенција во Бугарија, во рамки на Македонскиот културен центар во Софија, каде што јас бев присутен, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека веќе сме во разговори со бугарската Влада за отворање на Македонски културен центар во Благоевград, што ќе биде направено на институционален начин и каде ќе биде споделувана македонската култура со граѓаните коишто се самоопределуваат како Македонци во Бугарија, меѓутоа и со бугарските граѓани за да можат тие двете култури да се зближат и да градиме мостови на пријателство.

– Јас исто така ја поздравувам и официјалната позиција на министерот за надворешни работи на Бугарија, кој што при својата последна изјава кажа дека треба да се следат изјавите на официјалните бугарски институции, а не на личности коишто не сакаат подобрување на односите помеѓу двете држави и помеѓу граѓаните на двете држави, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаДимитар КовачевскиКултурни клубови

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk