На локалната власт во Прилеп и оставив време да ја оправда довербата, рече функционерот на СДСМ, Горан Сугарески во гостувањето во „Само вистина“, кој додаде дека подолг период од последните локални избори се нема појавено во јавноста. Тој кажа дека се катастрофални резултатите во општините низ земјата, каде челниците се од ВМРО-ДПМНЕ.
-Погледнете ја изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, не е реализиран ниту еден проект. Не ги реализираат ниту оние проекти за кои пари им обезбеди централната власт, а напротив се жалат дека централната власт ги кочела, рече Сугарески.
Тој додаде дека едвај два километра патишта се рехабилитарани од промената на локалната власт.
-Покрај тоа ниту детската градинка која е завршена не може да се пушти во функција, а влезот во Прилеп исто така. Единствено што има е еден куп партиски вработувања во јавните локални претпријатија, а квалитетот е на многу слабо ниво, кажа Сугарески.
Сугарески наброи и неколку примери, кои, како што вели, го покажуваат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ
-Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека со внесот на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот немаат проблем и јас на тие изјави се сеќавам. Играте на картата на кратко помнење. Потоа, пратениците и граѓаните масовно беа прислушувани осум години, а сега велите дека биле прекршени човекови права. Трето, во моментов се води дебата за буџет. Видете го лицемериете, преку амандмани во Собранието бараат намалување на акцизи и даноци, а од друга страна на локално ниво каде што е ВМРО-ДПМНЕ власт, за истите работи, односно комунални давачки и паркинзи зголемуваат и поскапуваат. Дури пак, бараат и централната власт да им ги плаќала сметките, рече Сугарески.
а најавите на опозицијата дека наводно ќе ги изменеле договорите, тој кажа:
-Ниту тие ниту Левица не можат тоа да го направат. ВМРО-ДПМНЕ уште во 90-тите години најавуваа укинување на времената спогодба, потоа укинување на територијалната организација, но тоа не се случи. Напротив, еве потпишавме Договор со Фронтекс кој беше чист пример, беше потпишан на македонски јазик, кажа Сугарески.