ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Нема да има ценовен шок за ценатата на струјата, можно е и нејзино намалување

December 16, 2022 15:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година во однос на цената на струјата, а оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока сметам дека нема да имаат зголемување, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека во формирање на цената на струјата учествуваат повеќе влезни ценовни параметри за на крај врз нивна основа, како и врз основа на влезните квантитативни параметри од МЕПСО, од ЕВН и од ЕСМ, а Регулаторна комисија за енергетика е таа која треба да ја определи финалната цена.

-Следејќи го движењето на оваа цена која што вие ја спомнавте, како и движењето на другите цени, односно факторите коишто ја определуваат висината на цената, на загубите итн. и јас исто така го делам мислењето на вицепремиерот за економски прашања и на министерот за економија со коишто ние секојдневно работиме на решавање на проблемите во енергетиката, е дека граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година. Дури сметам, дека оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока дека нема да имаат зголемување, рече Ковачевски на новинарско прашање за цената на електричната енергија. Оние коишто многу трошат и коишто можат тоа финансиски да го поднесат без никакви проблеми (граѓани) тогаш тие ќе имаат веројатно зголемување. И она што сметам дека е исто така значајно да се случи со цената, мислам дека со овие влезни параметри може да се случи да има намалување на цената на електрична енергија за регулираниот пазар кај малите потрошувачи, а тоа се 70-ина илјади компании коишто вработуваат 98 проценти од вработените во државата. Значи, да почекаме РКЕ да ја даде финалната цена, меѓутоа оценката која што ја даде вицепремиерот за економски прашања на која што се повикавте и јас се согласувам со неа, рече Ковачевски на новинарско прашање.  

Кога се определува финална цена на електричната енергија за граѓаните и за малите потрошувачи, посочи дека ЕСМ според закон имаат обврска да снабдат 60 проценти од регулираниот пазар, а со одлука на Влада се задолжени 100 проценти да го снабдат и тоа го прават.  

-Јас морам да искажам благодарност и пофалба до вработените во производствените капацитети за електрична енергија во ЕСМ, бидејќи во моментов сите производствени капацитети, двата блока во РЕК Битола, Осломеј, Неготино, Енергетика работат со полн капацитет и произведуваат електрична енергија за што од опозицијата велеа дека нема шанси да се случи, еве се случи и произведуваат во целост електрична енергија за целиот регулиран пазар. Веќе почна и монтажата на трансформаторот за третиот блок – девет камиони се веќе пристигнати со опрема. Сега се чека на транспортот на финалната централна единица на трансформаторот којшто треба да пристигне од Турција и со тоа доколку нема испади на претходните тогаш ќе ги имаме сите капацитети во производство, посочи премиерот Ковачевски.

На повикот на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095 мегават часови за периодот од јануари до јуни 2023 година  АД ЕСМ се пријави со понуда од 56 место досегашните 48 евра за мегават час

Tags: 1 јануари 2023Влада на Република Северна МакедонијаДимитар КовачевскиЕВНЕСММЕПСОРегулаторна комисија за енергетикаструја
Next Post

Зајкова: Треба да го развиваме духот на мултикултурализам и заеднички да работиме за подобар живот на сите

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk