ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Маск ги суспендира профилите на некои истакнати новинари од Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост

December 16, 2022 10:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Твитер синоќа ги суспендираше профилите на неколку истакнати новинари кои неодамна пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск, а милијардерот одговори со твит дека правилата за забрана за објавување лични податоци важат за сите, вклучително и за новинарите.

Суспендирани се профилите на репортерот на Тајмс, Рајан Мек, новинарот на Пост, Дру Харвел, новинарот на Си-Ен-Ен, Дони О’Саливан и новинарот на Машебл, Мет Бајндер. Суспендиран е и профилот на независниот новинар Арон Рупар кој известува за американската политика.

Портпаролот на „Њујорк тајмс“ изјави дека суспендирањето на профилите на Твитер на голем број истакнати новинари е сомнително и несреќно и оти тие не добиле никакво објаснување зошто тоа се случило.

Си-Ен-Ен соопшти дека суспензиите се загрижувачки, но не и изненадувачки, побара објаснување и додаде дека ќе го преиспита својот однос со платформата врз основа на одговорот.

Твитер, исто така, суспендираше профил кој го следи приватниот авион на Маск во реално време користејќи податоци достапни во јавниот домен. Маск се закани со правна постапка против операторот на профилот поради загрозување на семејството.

Тој, исто така, го суспендираше официјалниот профил на социјалната мрежа Мастодон, која се појави како алтернатива на Твитер откако Маск го купи.

Суспензиите доаѓаат откако Маск повеќепати вети дека ќе ја поддржи апсолутната слобода на говор на платформата што ја купи за 44 милијарди долари во октомври. Тој го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше суспендиран од Твитер поради неговите постапки поврзани со нападот на американскиот Капитол.

Откако отпушти илјадници вработени откако беше преземен од Маск, Твитер работи со значително намален број вработени. Сега во голема мера се потпира на автоматизирање на модерирање на содржината, отстранување на одредени рачни прегледи и фаворизирање на ограничувањата на дистрибуција наместо целосно отстранување на одреден говор, изјави пред извесно време новата шефица за доверба и безбедност Ела Ирвин

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Илон МаскновинариТвитер

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk