По долга борба со леукемијата, почина Синиша Михајловиќ на 54-годишна возраст, објави српски Спорт Клуб.
Синиша Михајловиќ е роден во Вуковар на 20 февруари 1969 година.
Првите фудбалски чекори ги направи во Борво, каде ја започна сениорската кариера. Потоа следуваше трансфер во Војводина во 1988 година, а потоа во Црвена звезда во 1990 година.
Со Црвена Звезда го освоија Купот на шампионите и Светското клупско првенство.
Две години подоцна се пресели во Рома, а во Италија го облече дресот на Сампдорија, Лацио и Интер.
Михајловиќ ја заврши играчката кариера во 2006 година, а веќе тогаш стана помошник тренер во Интер.
Од 2008 година започнува самостојна тренерска кариера која започна и заврши во Болоња. Тој сукцесивно ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино и на крајот се врати во Болоња.
Синиша Михајловиќ беше селектор на српската репрезентација една година, од 2012 до 2013 година.