Американскиот Стејт департмент денеска формираше долго планиран оддел, таканаречен „Чајна хаус“, како дел од внатрешната реорганизација за да помогне во проширувањето и усовршувањето на американската политика кон еден од најголемите геополитички ривали на Вашингтон.
Државниот секретар Ентони Блинкен најави создавање на таков оддел во мај, опишувајќи го како тим од специјалисти кои ќе ја координираат и спроведуваат американската политика за прашања поврзани со Кина.
„Големата и обемот на предизвикот што го поставува Народна Република Кина е тест за американската дипломатија за разлика од сите со кои се соочила“, рече Блинкен во мај.
Блинкен денеска претседаваше со церемонијата за официјално отворање на оделот, официјално наречен „Биро за координација за Кина“, и истакна дека тоа ќе ја осигура способноста на САД „одговорно да се справуваат“ со конкуренцијата од Пекинг, се вели во соопштение.
Одделот ќе собере експерти за Кина од целиот Стејт департмент за да се координираат со „сите регионални бироа и експерти за меѓународна безбедност, економија, технологија, мултилатерална дипломатија и стратешки комуникации“.
Извор: МИА