Војната во Украина, но и загриженоста за долгорочните закани од Русија и Кина, предизвикуваат силен притисок за зајакнување на капацитетите на САД за производство на оружје, пишуваат аналитичарите на Њујорк Тајмс.
Изгледите за растечки воени закани и од Кина и од Русија ја поттикнуваат поддршката за зголемување на трошоците на Пентагон. Тоа претставува уште еден потенцијален бум за производителите на оружје, кој најверојатно ќе се прошири надвор од границите на војната во Украина.
Американскиот конгрес е на пат да даде конечно одобрување на националниот воен буџет за тековната фискална година, кој се очекува да достигне 858 милијарди долари – или 45 милијарди долари над она што го побара претседателот Бајден.
Анализата на Центарот за стратегиски и буџетски проценки за Њујорк Тајмс вели дека во случај да следи одобрување на буџетот на ова ниво, буџетот на Пентагон ќе порасне за 4,3 проценти годишно во однос на претходните две години.
Трошоците за набавки нагло ќе се зголемат следната година, вклучително со скокот од 55 отсто во финансирањето на Армијата за купување нови ракети, како и со скокот од 47 отсто за набавка на оружје за морнарицата.
Извор: Њујорк Тајмс.
М. П.