ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Се очекува пресуда за 97-годишна „секретарка на злото“

December 20, 2022 10:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешна секретарка на ЕсЕс командантот на концентрациониот логор „Штутхоф“, Ирмгард Фурхнер најверојатно ќе биде последна на која и се суди за нацистички воени злосторства.

На 97-годишната Фурхнер (97) ѝ се суди повеќе од една година, а пресудата треба да биде изречена денеска. Таа е обвинета за учество во 11.412 убиства за време на нејзината работа во логорот „Штутхоф“, којшто се наоѓа близу денешен Гдањск, Полска.

Обвинителите тврдат дека таа „помагала и ги охрабрувала одговорните во логорот систематски да ги убиваат лицата затворени во периодот од јуни 1943 до април 1945 година. Така наречената „секретарка на злото“ имала само 18 години кога почнала да работи во логорот, во кој се убиени вкупно над 60.000 луѓе.

Фурхнер, која главно одбиваше да одговара на прашања за време на судењето, во своите завршни зборови рече дека ѝ е жал за она што се случило и затоа што воопшто била таму тогаш.

Рајнер Шулце, германски историчар и професор на Универзитетот во Есекс, смета дека „ова веројатно ќе биде последно судење на нацистите“ за воени злосторства.

– Кога советската Црвена армија се приближила до логорот во последните денови од војната, чуварите на логорот преместиле илјадници затвореници под изговор за „евакуација“. Ги ставиле во мали чамци и ги турнале во Балтичкото Море. Луѓето умирале во тие чамци поради изложување на сонце, без вода, без храна, изјави проф. Шулце.

Во хаосот на крајот на Втората светска војна, многу високо поставени нацисти побегнаа во странство, додека други продолжија да водат нормален живот во Германија. Последниве години, особено по промената на Законот, неколку поранешни чувари и пониски соработници беа обвинети за воени злосторства при нацистичкиот режим.

Се проценува дека за време на војната во „Штутхоф“ биле депортирани дури 100.000 луѓе. Местото било опкружено со наелектризирани бодликава жица и условите биле ужасни. Многу затвореници починале и поради епидемија на тифус, а оние кои чуварите ги сметале за премногу слаби или болни за работа, биле убивани

Tags: „секретарка на злото“ЕсЕскомандант
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Мицкоски: Ме отепа анкетата! Барајте го Божиновски, нека прави нова - ИТНО

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk