ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трка за тутун: Најмногу се откупува во прва класа, со субвенциите тоа се 380 денари за килограм тутун

December 21, 2022 17:45
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Откупот на тутунот е при крај и веќе се откупуваат последните килограми произведен тутун. Годинешната реколта се откупува во 200 откупни пунктови на целата територија на државата преку 10 регистрирани откупни претпријатија.

Според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова година.

„Најголем дел од откупот е завршен и се очекува да биде готов до крајот на годината“, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера во Прилеп и истакна дека најголемиот дел од откупениот тутун, односно околу 14.000 тони се прва класа.

„За прва класа на тутун, државата има подготвено 80 денари субвенција по килограм“, рече Николовски и истакна дека сите овие убави вести одат во прилог на исправноста на моделот за субвенционирање. „Задоволството на тутунарите е очигледно, никогаш ваква цена на тутунот не е постигната досега“, заклучи Николовски.

Агротим разговараше со Менде Стомнароски, претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, кој денеска ни изјави дека постигната е досега рекордна просечна цена за килограм тутун и за разлика од минатите години, овој пат производителите на тутун се задоволни од цените.

Тој рече дека се уште е рано да се каже каков ќе биде интересот за производство на тутун за наредна година, но за разлика од минатата година, годинава интересот за садење тутун е зголемен, а тутунопроизводителите очекуваа за наредната година да има уште подобри услови.

Тутунопроизводителката Лидија Костоска, која заедно со сопругот во една година произведуваат нешто повеќе од 1 тон тутун, вели дека годинава е задоволна од проценката и цената на тутунот.

-Поголемиот дел од тутунот ни помина во прва класа, мал дел во втора. Задоволни сме, особено што на овие пари ќе добиеме и 80 денари субвенции од државата – ни изјави Костоска.

Друг тутунопроизводител, Стеван Вељаноски од прилепско Галичани, заедно со неговото четиричлено семејство работат тутун на околу 20 декари. Целото производство или околу 5 тона е веќе откупен и е проценет како прва класа.

-Одлично поминавме со откупот годинава, ни се исплати маката. Цената ќе не мотивира и следната година да продолжиме со производството на тутун и повторно да ги насадиме нивите – вели Вељаноски.

Колку ќе заработи едно четиричлено семејство ако произведе 3 тона тутун?

Најголем дел, според изјавите на земјоделците и МЗШВ е во прва класа. Ако знаеме дека цената на прва класа тутун е 300 денари и ги додадеме субвенциите од државата од 80 денари за килограм, значи во буџетот на семејството годинава од тутунот ќе влезат 1.140.000 денари или 18.500 евра. Според кажувањата на земјоделците трошоците им се околу 15%, значи дека семејството што значи дека семејството од тутунот ќе има месечен приход од 1.300 евра.

Ваквата математика ја потврдивме со неколку тутунопроизводители, кои велат дека ова е добра заработка и ќе продолжат да произведуваат и следната година.

Извор: Агротим

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: субвенциитутунтутунопроизводители

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk