ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кандиќ: Барикадите на северот на Косово мора да се отстранат, ако не од тие што ги поставиле, тогаш КФОР треба да го направи тоа

Приоритет е да се иницира експертска расправа за германско-францускиот предлог за нормализација на односите со Косово, без учество на „политички патриоти“, изјави Наташа Кандиќ за српскиот дневник Данас.

December 22, 2022 14:29
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Мора да се отстранат барикадите на северот на Косово. Ако не се отстранат од  тој што физички ги поставил, тогаш тоа треба да го направи КФОР, со политичка поддршка на претседателот на Србија, кој упорно тврди дека не знае кој ги поставил – изјави за српскиот дневник  Данас , основачката на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ.

Реакцијата на Кандиќ  доаѓа по повикот на Ана Брнабиќ, премиерката  на Србија дека, организациите од граѓанскиот сектор треба да се изјаснат за ситуацијата во Косово, наведувајќи дека ситуацијата таму е „на работ на вооружен конфликт“.  Кандиќ им порача на Претседателот на Србија, премиерот и претседателот на Народното собрание  да престанат со изјави и акции надвор од јавното знаење, со кои ги поттикнуваат екстремистичките групи и партии да се соберат за да излезат на фронтот.

„Престанете да ги полудувате граѓаните, особено Србите во Косово, за враќањето на припадниците на ВЈ/МУП на РС во Косово, престанете со опасните политички игри – напуштање на  косовските институции, замрзнување мандати, прогон на косовските Срби кои не се согласуваат со злоупотребите на институцијата пратеник. Отстранувањето од јавната сцена на директорот на канцеларијата за Косово, кој со својата отровна реторика го срами секој пристоен граѓанин на Србија, би помогнало за смирување на ситуацијата. Приоритет е да се иницира експертска расправа за германско-францускиот предлог за нормализација на односите со Косово, без учество на „политички патриоти“, порача Кандиќ.

Таа го повика косовскиот премиер Албин Курти да го започне процесот на спроведување на потпишаните договори, без одлагање.

„Тој направи добри работи за да ја елиминира дискриминацијата на Република Србија врз Албанците, имаше право да бара почитување на симболите на Косово за сите што живеат во таа земја, но сега нека покаже дека подеднакво се бори за доброто на Србите и другите не-албанци “порача Наташа Кандиќ.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: КосовоКФОРНаташа КандиќСрбија
Next Post
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски поканет да ја посети ЕУ следната година за да разговара за поголема поддршка за воените напори

НАЈНОВО

Политички пресврт во Израел: Ганц повикува на нова влада за ослободување на заложниците

August 24, 2025

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk