ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МП: Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни за неспроведување на Мијалков

December 22, 2022 13:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со постапката за  спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот ,,Титаник 2” ве информираме дека Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба, соопштуваат од Министерството за правда.

Оттаму велат дека ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле  пропусти, намерни или ненамерни.

За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително  информирана, се наведува во соопштението од Министерството.

На денешното рочиште за „Титаник 2“ обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од затворот во Струга. Од Основниот кривичен суд, како што извести МИА, потврдуваат дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување.

Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

J. Ѓ.

Мијалков не се појави на судењето за „Титаник 2“, од Кривичен велат дека бил уредно поканет

Tags: неспроведувањеСашо МијалковсудењеТитаник2
Next Post

Ковачевски за притисоците кон Грковска: На располагање се сите институции што се справуваат со закани кон било кого

Најново

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk