ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Петровска: Целта е активно да придонесуваме во НАТО, не само да бидеме формална членка

December 22, 2022 16:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска во рамки на настанот „Македонско-француски разговори за одбрана“, пред младите кои беа гости на настанот зборуваа за договорот меѓу Северна Македонија и Франција во областа на одбраната, неговата важност, интензивирањето на соработката меѓу двете земји, како и за значењето на членството во НАТО на земјава и улогата во Алијансата.

Министерката за одбрана пред студентите од Факултетот за безбедност, младите од Северноатлантскиот совет и младите франкофони, осврнувајќи се на договорот со Франција, истакна дека досега Северна Македонија и Франција имаат големи достигнувања во областа на одбраната, но оти има уште многу што треба да се направи во иднина.

– Договорот за соработка во областа на одбраната што го потпишавме во Париз е правна рамка која ја одразува и политичката волја помеѓу двете држави за уште позасилена соработка во областа на одбраната. Претставува можност за уште посилна соработка меѓу двете министерства, нагласи Петровска

Министерката наведе тоа е значајно за РСМ, бидејќи е дел од нашата целосна интеграција и целосно заземање на местото во НАТО Алијансата и придонесот во заедничката и колективна безбедност.

– За да бидеме успешни, за да бидеме рамо до рамо со сите останати земји кои се многу одамна членки на Алијансата, потребно е постојано да вложуваме, да ивестираме и постојано да се подобруваме. Овој договор е еден од механизмите како тоа ќе го постигнеме.  Да имаме средства да ја купиме најдобрата опрема и да ги изведуваме најдобрите вежби тука, на национално ниво, ако немаме соработка со останатите нации во рамките на НАТО, тогаш не треба да припаѓаме во Алијансата, тогаш треба да останеме сами тука.  Нашата цел не е да бидеме само формална членка, туку навистина со нашето активно дејствување да придонесеме во таа Алијанса, потенцираше Петровска.

Таа нагласи дека одбраната е важен сегмент во нашето секојдневно живеење и, како што посочи, она што се случува во Украина е само потсетување на она што многу пати е кажано – мирот не е даден еднаш засекогаш и треба постојано да работи на него.

– Улогата на министерствата за одбрана во сите земји е да гарантираат дека нивните вооружени сили ќе бидат подготвени да ги одбранат своите држави, се разбира кога за тоа ќе има потреба, истакна министерката за одбрана.

Амбасадорот Бомгартнер потенцираше дека Северна Македонија полека си го зазема целосно заслуженото место во рамки на НАТО Алијансата.

– Соработката постоеше меѓу нашите две земји во областа на одбраната, но овој нов договор, којшто претставува правна рамка, е констатација од страна на Франција и на Северна Македонија дека треба да се обидеме да имаме соработка којашто е уште позајакната, уште поважна соработка, особоено поради скорешното членство на Северна Македонија во НАТО. Тој договор предвидува одредени технички определби со правни рамки за, на пример, да се создаде простор за соодветно делување, но сепак се прецизираат и областите во коишто размената ќе биде уште поинтензивна. Станува збор за размена на оперативен план, на стратешки план, но и размена на воени кадри, семинари, посета на терен, како и стретешки консултации, рече Бомгартнер.

Амбасадорот додаде дека станува збор за рамка којашто овозможува да се интензивираат односите меѓу РСМ и Франција, меѓусебното разбирање, заедничките визии за денешниот свет и заканите на коишто е изложен и ќе овозможи оперативна соработка.

Бомгартнер, осврнувајќи се на придонесот на Северна Македонија во НАТО, истакна дека тој придонес во овие две години е едногласно признаен како позитивен.

– Јас забележувам дека постои план за развој на сопствените капацитети којшто се спроведува во земјата. Секој ги постигнува целите, на пример за буџетот во одбраната, за два проценти од БДП, во таа насока Северна Македонија позитивно напредува и за оваа година мислам дека е до 1,85 проценти, тоа значи дека сте многу блиску до таа цел од два проценти и зошто е тоа важно, важно е затоа што секоја држава членка на НАТО го направи истиот чекор, а тоа значи дека колективните капацитети за одбрана се постигнати, наведе амбасадорот.

Тој додаде дека треба да се постигне и интероперабилноста затоа што секоја армија е автономна и секоја армија има сопствена опрема.

– Ако еден ден треба заедничка да интервенираме, треба да бидеме заедно ефикасни и во целосна синергија и токму во овие рамки промените коишто ќе дојдат се важни, потенцираше Бомгартнер.

Тој, зборувајќи за евроинтеграциите на Северна Македонија, рече дека ЕУ генерално се подготвува да ја интегрира земјата.

– Забележуваме дека сега можеби има неизвесност во општеството во однос на европската иднина, но јас лично немам никаков сомнеж и ќе ви кажам дека Европската Унија генерално се подготвува да ве интегрира, и ви го велам тоа за да ве охбрабрам, но и да ве направам поодговорни, потенцираше францускиот амбасадор Бомгартнер.см/са/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НАТОСеверна МакедонијаСирил БомгартнерСлавјанка ПетровскаФранција

НАЈНОВО

Фото: МИА

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

May 25, 2025

Македонски кикбоксер Бобан Илиоски ја одбрани светската титула

May 25, 2025
Чаби Алонсо. Генерирано со ВИ

Официјално, Алонсо нов тренер на Реал Мадрид

May 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се случило со децата на Николае и Елена Чаушеску по романската револуција?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да ја зацврстиме заложбата за градење општество на знаење и меѓусебно почитување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk