ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ковачевски: Со предлог Буџетот за култура се грижиме за културно-историското наследство и отвораме перспективи за развој на културата

December 23, 2022 12:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, го презентираа предлог Буџетот на Министерството за култура за 2023 година.

Премиерот Ковачевски посочи дека со предлог Буџетот се обезбедува континуитет на реализацијата на програмите и на проектите во културните установи, на платите на вработените во културата, на заштитата на културно-историското наследство.

“При креирањето на Буџетот за културата за 2023 година фокусот е ставен кон две цели:

– Грижа за постоечкото културно-историско наследство и

– Отворање перспективи за развојот на културата.

Во таа насока се и нашите идни политики за ресорот култура предвидени со Буџетот за наредната година:

-Во текот на наредната година, ќе се реконструираат сите споменици и спомен обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода.

Во делот на грижата за постоечкото културно-историско наследство, односно за реконструкција на сите спомениците и спомен обележја од НОБ, ќе посочам дека Владата обезбеди пари од Буџетот на Република Северна Македонија, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја: за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.

Затоа, на последната владина седница, го задолживме Министерството за култура, со рокови, да склучи договори/меморандуми за соработка со општините, за санација на спомен обележјата и да достави информација до Владата во којашто ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел.

-Во 2023 година започнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија, каде се наоѓаат етнолошката, археолошката и историската поставка на државата и бесценетата Галерија на икони.

Оваа колекцијата на икони е најбројна од овој вид во земјата и содржи повеќе од 400 икони, кои што потекнуваат од почетокот на XIV век до средината на XX век. Со предлог Буџетот се предвидени 813 илјади евра за реконструкцијата и санацијата на овој објект којшто е заштитено културно добро и темелна институција. На овој начин ја осигуравме негова достоинствена заштита, како што доликува на институција од ваков вид.

-Со предлог Буџетот е превидена финансиска поддршка за вклучување на младите во културата, бидејќи секоја култура се развива преку духот на времето во кое што се твори. 50 илјади евра се наменети за поддршка на младите во културата. Тие се иднината на нашата држава, авангардата, со тоа и иднината на една национална култура и заслужуваат да бидат мотивирани.

-Отвораме и нови национални установи во државата, со што овозможуваме значајни културно-уметничките изведби и дела да се изведуваат и во други делови во државата освен во градот Скопје.

Во предлог Буџетот за следната година предвидени се и капитални инвестиции во културата:

-Над 2,3 милиони евра се предвидени за продолжување на изградбата на Театарот и библиотеката во Тетово. Се работи за капитален објект со голем габарит, кој што значи обединување на културата во Полошки регион.

– 2 милиони евра се предвидени за изградба на Турскиот театар, и тоа ќе биде сосема нов објект.

-Исто така, продолжуваат градежните активности и во Театарот во Струмица, за што се предвидени 500 илјади евра.

Со овие инвестиции во театрите, обезбедуваме трајно решение и современи услови за работа на високо професионалните театарски ансамбли на Турската драма и на Струмичкиот театар, кои што имаат децениски традиции, меѓународни успеси, и се афирматори на македонската сценска уметност во земјава и во странство.

Паралелно, обезбедено е инвестиционо и тековно одржување на објектите на националните установи во повеќе градови, за што за наредната година се предвидени 625 илјади евра.“ истакна Ковачевски на денешната прес коференција.

Next Post

Ковачевски: Парно и гас ќе има и по 1 јануари

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk