Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција пристигна во РЕК Битола.
Министерот за економија Крешник Бектеши во објава на Фејсбук истакна дека после долги години РЕК Битола ќе работи со целосен капацитет и ќе произведува струја од сите три блока.
400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесуваше со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола.