ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оливер Спасовски: Да не се заборави и да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието

December 24, 2022 10:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Оливер Спасовски : Да не се заборави и  да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието. На денешен ден пред 10 се случи насилството во македонското Собрание, од народот наречено „црн понеделник”, кога како тогашни опозициски пратеници заедно со новинарите бевме исфрлени од собраниската сала од седницата на чиј дневен ред беше Буџетот, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во својата објава министерот посочува дека 24 декември е сведоштво за „матрицата на насилството и криминалот, за матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која кулминираше со тероризам кон државата на 27 април 2017 година”.

 Но, од оваа дистанца 24 декември е и добар индикатор за тектонските промени од тогаш до денес, особено за времето откако раководам со МВР заедно со мојот тим. Полицијата веќе не е заштитник на криминалот, полицијата е сервис на граѓаните, наведува Спасовски.

Спасовски потенцира дека МВР под негово раководство од самиот почеток работи напорно и затоа овој декември „го завршуваме како најбезбедна земја на Западен Балкан”.

 Затоа што испорачавме резултати, нѐ препознаа како кредибилен партнер и лидер во регионот. Затоа што ја етаблиравме македонската полиција како вистински сервис на граѓаните.Затоа што ја вративме довербата на граѓаните во МВР, една од најотворените и најтранспарентни институции, за што сведочат и граѓанските анкети. Според ИРИ, полицијата е во првите три владини институции во кои граѓаните имаат најмногу доверба, пишува министерот. 

Спасовски посочува дека не е помалку важно што МВР ја вратило довербата кај меѓународните партнери во нашиот демократски капацитет и во политиките на добро владеење.

 И да, вчера во Собранието беше усвоен државниот Буџет за идната година без влечење и тепање на пратеници. Туку на достоинствен, европски начин. Овој ден нека остане вечен потсетник на едно поинакво минато време на полициска бруталност и автократски режим – тоа е импулсот за уште посилно да се бориме – за слободата на граѓаните, за правото на одлука во свое име, за правото на слободно изразување и известување. Да не се заборави и никогаш да не се повтори тој „црн понеделник”!, додава министерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

Tags: МВРнасилствоСобраниеСпасовскиЦрн понеделник
Next Post
Фото: МИА

Конгресот на САД го измени Законот за броење електорски гласови

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk