ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Ветувањето е исполнето – експресниот пат Крупиште-Кочани е пуштен во употреба, обезбедуваме подобро поврзување на источниот регион

December 26, 2022 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа и говореа на настан по повод пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани.

Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој се реализираше во две фази.

-Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што го забрзуваме и олеснуваме патувањето за граѓаните од овој крај. Се намалуваат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Во првата фаза од изградбата во 2020 година беше пуштен делот од експресниот пат  Штип до Крупиште со должина од 14,3 километри и вредност 28,5 милиони евра.

Со денешното ставање во функција на останатите 13,7 километри од делницата, во вредност од 18 милиони евра, целосно ја заокружуваме изградбата која се одвиваше во две фази. Средствата и за првата и за втората фаза од изградбата беа обезбедени од заем од ЕБОР.

Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на Владата. Како и во изминатите години и во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско-енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Во источниот дел од државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Не запираме тука. Со истото темпо и динамика продолжуваме и понатаму. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри патишта.

Заложбите на Владата за вложување во современа инфраструктура се гледаат и во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година кој изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135% зголемување од оваа година.

Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. Очекуваме следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид и веќе во јануари 2024 година да можат граѓаните, сите ние да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента на патот Паланка-Деве Баир. Во рамки на овој Коридор, наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и Коридорот 10Д Прилеп-Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, Дреново-Фариш, Скопје-Блаце прва фаза, Битола-Меџитилија и други автопатски делници за кои повеќе ќе зборува министерот.

Во рамки на Коридорот 8, со предлог Буџетот за транспорт и врски, 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на овој Коридор. На крајот на месец октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија – делницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка и активно изградбата продолжува следната 2023 година. Овој огромен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија, но и генерално за соработката на регионот во целина како и соработката на регионот со други земји од Европа.

Инвестициите во модерна патна инфраструктура се важни и за граѓаните и за компаниите, но и за инвеститорите. Од една страна тие значат безбедно и модерно поврзување помеѓу градовите и селата, а од друга страна со ваквите инвестиции се отвораат нови, подобро платени работни места.

Влогот во инфраструктурата е траен влог во подобрување на условите за живот, растот животниот стандард и тоа е наш приоритет. Граѓаните на Република Северна Македонија заслужуваат да живеат поврзани со Европа и според европски стандарди и оваа Влада тоа го овозможува преку јасниот евроинтеграциски процес, по којшто работиме заштитувајќи ги националните интереси.“ кажа Ковачевски на денешниот настан.

Next Post

Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво, во тековната година успешно реализирани сите предвидени задачи

НАЈНОВО

Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025
ВИ

Советот на ЕУ го заостри Механизмот за суспензија на безвизниот режим: Полесно и побрзо укинување на визи за трети земји

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk