Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 25.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Гостивар, Кичево и Кавадарци.
За овие градови престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.