Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својот официјален фејсбук-профил информира за пристигнати закани за бомби во седум училишта на територија на општината.
Тој напиша дека „попладнево во 15:47 часот во општинските основни училишта „Наум Наумовски Борче“, „Крум Тошев“, „Григор Прличев“, „Дане Крапчев“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“ и „Наум Охридски“ пристигнаа закани за поставени бомби“.
Од страна на директорите и наставниот персонал, согласно утврдените протоколи е направена евакуација на сите ученици од зградите на училиштата и сите дечиња се наоѓаат на безбедно. Пријавено е до надлежните институции и очекуваме истите согласно своите надлежности да ги проверат пристигнатите дојави, објави Стефковски.