ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска : Грижата за граѓаните во социјален ризик продолжува и во 2023 година, со засилени механизми и мерки за поквалитетен живот за сите

December 26, 2022 10:40
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори и субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија, ја одржа третата работна средба на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.

На средбата присуствуваше и претставник на Министерството за економија, којшто го презентира новодонесениот Закон за заштита на потрошувачите. Следствено, претставниците на приватниот и граѓанскиот сектор имаа можност да се запознаат со новините што ги носи овој закон во областа на финансискиот сектор, а главно се поврзани со поголема транспарентност и подобра информираност на корисниците на финансиски услуги, вклучително и во доменот на дигиталните финансиски услуги.

На состанокот, претставник на Народната банка ги презентира и трендовите во доменот на финансиската едукација и инклузија на населението во нашата земја. Притоа, беше посочено дека се бележи тренд на пораст на повеќе показатели за финансиската инклузија во текот на 2021 година, делумно под влијание на условите наметнати во текот на пандемијата. Така, има пораст кај показателите за поседување сметка, кај располагањето и користењето платежни картички, како и кај онлајн плаќањата.

Во доменот на финансиската едукација, во споредба со развиените земји, и натаму постои простор за унапредување на финансиските знаења на населението. Односот на населението кон заштедите, иако е подобар, и натаму е на пониско ниво во споредба со просекот во Европа и Централна Азија, гледано како извор на средства за покривање итни потреби, но и како расположливи средства за подоцнежна возраст. Промоцијата и едукацијата во доменот на расположливите инвестициски алтернативи, како и во доменот на користењето на дигиталните финансиски услуги, се наметнуваат како неопходност во современи услови.

-Преку овие средби се овозможува редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем. Сето тоа е во прилог на успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, велат од НБ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Приведен и сослушан војник кој со нога шутираше Дедо Мраз во Хрватска

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk