ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Браун: Грип, Ковид, бронхиолитис, штрајк… здравствениот систем на Франција се соочува со „недела на сите опасности“

December 28, 2022 19:44
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

При посетата на болничкиот центар во Анеси, францускиот министерот за здравство Франсоа Браун уште еднаш алармираше за кризата во болницата која се соочува со недостиг на кадар, тројна епидемија и штрајк на либералните лекари, јави дописникот на МИА од Париз.

„Оваа недела, обележана со празниците на крајот на годината, ќе биде онаа на сите опасности за францускиот здравствен систем. Сепак, системот успева да издржи благодарение на апсолутно целосната мобилизација на персоналот“, рече министерот Браун.

Министерот денеска во болничкиот центар Анеси Женевоа (Горна Савоа) го посети одделот за итни случаи и учествуваше на тркалезна маса со болнички службеници и директори на други здравствени установи и избрани функционери.

Болницата Анеси се соочува со истата криза што ја доживуваат сите француски болници, со зголемен недостиг на персонал поради „блискоста до Швајцарија“, каде што многу француски доктори и медицински сестри избираат да практикуваат.

Штрајкот, на национално ниво, на либералните лекари го отежнува згрижувањето  на пациентите.

Министерот, поранешен лекар за итни случаи, го смета за „особено недобредојдено во овој период на екстремни тешкотии за здравствениот систем“. 

Првиот повик за штрајк, на 1. и 2 декември, доведе до пад на активноста за околу 30 отсто кај општите лекари.

Здравствениот систем со недели се соочува и со тројната епидемија на Ковид, бронхиолитис и грип, која сè уште ги преполнува собите за итни случаи и одделенијата за интензивна нега.

„Грипот е најзагрижувачки, има експлозија на случаи, со исто така сериозни случаи, што значи дека одделенијата за интензивна нега генерално се заситени“, вели Браун.

Според извештајот на Јавното здравство на Франција објавен денеска, показателите се „во забележително зголемување“ на целата територија и во сите возрасни групи. Посетите на итната медицинска помош поради грип или болести слични на грип се зголемени за половина, а бројот на хоспитализирани за 75 отсто. Од почетокот на октомври, има 290 смртни случаи со посочување на грипот како морбидна состојба која директно предизвикала или придонела за смрт.

Во однос на Ковид и бронхиолитис, еволуцијата е малку попозитивна, но сепак критична. „Доаѓаме во малку помирна фаза. Ковидот циркулира помалку, вели министерот.

„Врвот на деветтиот бран беше достигнат пред десет дена. Сè уште мобилизираше, во средината на декември, повеќе од 25.000 болнички кревети, вклучително и повеќе од 1.400 во критична нега. Слична е ситуацијата и за бронхиолитис ,врвот беше постигнат на крајот на ноември. Но, нивото на инфекција продолжува на високо ниво“, се наведува во извештајот од Јавното здравство на Франција објавен денеска.

Божиќните, а потоа и новогодишните собири се особено погодни за циркулација на вируси и ги поттикнуваат стравувањата од епидемиско „обновување“ во јануари. Франсоа Браун затоа ја искористи можноста да повика на претпазливост. „Вакцинирањето е сè уште актуелно во однос на грипот, како и носење маска на затворени места и каде што има многу луѓе“, рече тој.

Извор: МИА

Tags: вируситројна епидемија на КовидФранција
Next Post
Фото извор: МИА

Џачка апелира до САД И ЕУ да инсистираат на дијалог за Косово, а Курти и Вучиќ да разговараат

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk