ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Егоров и Наковска Бикова најдобри македонски спортисти за 2022 година, премиерот Ковачевски им ги врачи наградите

December 28, 2022 10:14
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти.

На свечена церемонија вчера во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории:

Спортист на годината: Владимир Егоров – борење

Спортистка на годината: Оливера Наковска Бикова – спортско пара-стрелаштво

Великан на македонскиот спорт:
Кирил Лазаров – ракомет
Горан Пандев – фудбал

Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија
Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс

Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација

Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација

Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс

Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс

Подвиг на годината:
Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро
Харис Бекири – еверестинг – најтешко искачување

Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим

Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга

Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес.

Наградите на Егоров и на Бикова Наковска им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот истакна дека вечерашниот настан е во чест на спортот, во чест на сите наши спортски херои кои годинава нѐ направија горди со нивните победи.

„Денес сме тука во чест на сите наши големи спортисти, во чест на спортот, тука сме да оддадеме почит кон сите наши спортски херои кои годинава нѐ направија навистина горди со нивните настапи и нивните победи. Сакам на сите спортисти, федерации и спортски работници кои беа вечерва на сцената да им честитам на успехот и наградите, јас сум навистина почестен што имам можност да застанам денес тука, и да им посакам уште многу успеси и понатаму на оние кои се натпреваруваат. Сите ние живеевме за нивните успеси и навивавме за македонската репрезентација. Вашите успеси годинава на дело го покажуваат она кое го говорам често, дека кога напорно се работи, нема недостижна цел. Вие сте нашата гордост и пример како се бранат македонските бои, вие сте еден од нашите најголеми промотори во светот и за тоа Ви благодарам. За вас сите имам само восхит, и затоа од мое име и од името на граѓаните на Северна Македонија ви посакувам многу награди, и уште многу успеси во иднина. Ние како Влада се залагаме за афирмација на врвниот спорт, зголемување на бројот на жени во спортот, квалитетна спортска инфраструктура, подобрување на статусот на спортистите и спортските работници, афирмација на олимпизмот. За Владата на Република Северна Македонија спортот е важна алка која придонесува кон развој на прогресивно и инклузивно општеството. Спортот има значајна улога во подигнување на социјалната вклученост, во градење на отворени, толерантни општества затоа што спортот ги учи вредностите на тимската работа, дисциплината и лидерството како и на наградата за напорната работа и за постигнатиот резултат. Владата континуирано создава услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти и континуирано да вложуваме, да обезбедува услови за квалитетни спортски можности и да помага кога е најпотребно“, истакна премиерот Ковачевски во својот говор..

 

 

Tags: Владимир ЕгоровГоран ПандевКирил ЛазаровОливера Наковска Биковаспортисти на годината
Next Post

Приведени двајца изнудувачи од скопско

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk