Рускиот претприемач и пратеник Павел Антов – познат како најбогатиот државен службеник во Русија – e уште еден критичар на Путин кој „падна низ прозор“ и го загуби животот. Антов беше пронајден мртов на Бадник додека бил на одмор во Индија. Властите соопштија дека наводно паднал од прозорецот на неговиот хотел. Антов, кој своето богатство го стекна преку фабрика за преработка на месо, штотуку го прослави својот 65-ти роденден во хотелот.
Во јуни, руските медиуми објавија порака на WhatsApp на Антов во која тој го нарекува ракетниот напад врз Украина „тероризам“. Тој потоа ја избриша пораката и тврдеше дека е патриот и дека WhatsApp пораката ја напишал некој друг.
Пријателот на Антов, Владимир Буданов, почина во истиот индиски хотел само неколку дена претходно. Вивекананд Шарма, полициски службеник во индиската држава Одиша, рече дека Буданов доживеал мозочен удар, додека Антов „бил депресивен“ по смртта на неговиот пријател. Рускиот конзул во Калкута, Алексеј Идамкин, изјави за руската државна новинска агенција Тасс дека полицијата не видела „криминален елемент во овие трагични настани“.
Смртта на Антов се надоврзува на долгата листа на Руси кои паднале од згради во последните години, меѓу кои и претседателот на Лукоил, Равил Маганов, кој се спротивстави на инвазијата на Украина, критичарот на Путин, Ден Рапопорт, полицаец кој сведочел за корупција и лекар кој ја критикуваше политиката на Русија за КОВИД.
Б. Ј. / НоваТВ