Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОХЦХР) објави дека досега во Украина загинале 6.884 цивили, меѓу кои 429 деца.
Податоците се однесуваат на потврдениот број на смртни случаи помеѓу 24 февруари 2022 година и 26 декември 2022 година.
Сепак, ОН наведуваат дека реалната бројка веројатно ќе биде многу поголема, бидејќи информациите од областите каде што се водат битките не стигнуваат навреме или се нецелосни, а за некои се уште се чека официјална потврда