ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Барикадите на северот на Косово ќе бидат отстранети денеска, на Мердаре започна отстранувањето, Германија со повик до Србите

December 29, 2022 11:28
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

ИНФОКУС: Се очекува денеска да бидат отстранети барикадите на север

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претставниците на Србите од Косово, изјави дека утрово ќе почне отстранувањето на барикадите.

Вучиќ вели дека за 24 или 48 часа барикадите ќе бидат отстранети, пренесува косовскиот медиум Инфокус.

Отстранувањето на барикадите ќе започне пред пладне, тоа не може да се направи за два часа, дали за 24 или 48 часа, барикадите ќе се отстранат, но недовербата останува“, рече Вучиќ.

БАЛКАНВЕБ: Отстранети првите барикади на српската страна во Мердаре

Барикадата која се наоѓаше на два километри од граничниот пункт во Мердаре, на територијата на Србија, е отстранета во денеска наутро, соопшти тимот на Радио Слободна Европа лоциран на местото на настанот, пренесе БалканВеб.

Ослободувањето на патот го потврди и косовската полиција.

БОТА СОТ – Последните случувања на север, Германија со повик: Србите да ги отстранат нелегалните барикади

Германската влада ги повика косовските Срби да ги отстранат барикадите и да се вратат во институциите на Косово, пренесува косовксиот медиум Бота Сот.  Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристоф Бургер на редовната прес-конференција во Берлин рече:

„Многу сме загрижени поради тензиите на северот на Косово. Нелегалните барикади што ги поставија косовските Срби мора да бидат отстранети што е можно поскоро, а вчерашното блокирање на граничниот премин Мердара од Србија уште повеќе ја влошува ситуацијата“.

КОХА: Косовската полиција со детали за палењето на камионите кои служеа како барикади на север

Косовската полиција соопшти детали за запалувањето на два камиони на северот на земјата. Врз основа на соопштението, полицијата соопшти дека рано утринава било пријавено дека на локацијата наречена„Шкемби и Дудес“ („Карпата на Дуда“) во северна Митровица биле опожарени два камиони, кои се наоѓале кај барикадата, пренесува косовскиот дневник Коха.

Полицијата соопшти дека освен материјална штета нема пријавено повредени, додека случајот се истражува.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Денеска се протестира за бојкотирање  на српските производи

Студентите на Универзитетот „Хасан Приштина“, поточно на Факултетот за образование, денеска ќе протестираат, со цел да се зголеми поддршката за бојкотирање на српските производи, пренесе косовскиот портал Газета Експрес.

Д. Тахири / ЦИВИЛ

Tags: Косово
Next Post

(ВИДЕО) Интервју со Бочварски: За само пет години изградивме и рехабилитиравме 1.300 км. патишта

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk