„Законот за комунална полиција треба изворно да дојде од локалната самоуправа. Постои нацрт-верзија на законот, а последна е комуникацијата со ексградоначалникот Петре Шилегов, кој се потруди да се направи овој закон“, изјави државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека овој закон мора да излезе изворно од локалната самоуправа, бидејќи токму општините се тие кои ќе треба да го спроведуваат.
„Во овој случај иницијативата беше покрената од Град Скопје, како еден од најзагадените градови во државата. Тие го контактираа Министерството, се разговараше за законот, но откако се промени власта запре комуникацијата“ рече Шукова.
Државната секретарка кажа дека не може централната власт да организира се, бидејќи локалната самоуправа си има своја организација и откри дека комуникацијата на Министерството со одредени општини тешко се воспоставува.