ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Саити: Да се надградуваме, да бидеме поуспешни, да бидеме во чекор со новите трендови

December 30, 2022 15:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата организација ја ужива довербата и поддршката во државата и препознавањето на Црвениот крст како достоен и докажан партнер во извршување на помошната улога на властите во државата. Оваа поддршка беше изразена со континуирана финансиска поддршка на програмите на Црвениот крст, но и со вклучувањето на нашата организација во нови инцијативи и сервисни услуги кои се обезбедуваат за различни категории на корисници во земјата. Ова се наведува во годишното обраќање на генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, пренесува МИА.

Саити потсетува дека местото и улогата на Црвениот крст во Република Северна Македонија се дефинирани со законски решенија, а обемот на поддршка и довербата во нашата организација, како што наведува, се должат на нашето секојдневно професионално извршување на нашите активности.

-Позади нас оставаме уште една година исполнета со успешни остварувања, во која сите заедно дадовме наш придонес за подобрување на животот на различни целни корисници кои ги опслужува Црвениот крст. На тој пат и годинава бевме исправени пред различни предизвици како резултат на севкупните економски и социјални збиднувања, справувањето со КОВИД-19, миграциите и други актуелни прашања од доменот на работата на Црвениот крст. Благодарение на ангажманот на нашите волонтери и вработени, но и континуираната поддршка на нашите партнери, со задоволство може да заклучиме дека бевме успешни и дадовме наш скромен придонес во надминување на севкупните предизвици во нашето општествено опкружување, стои во годишното обраќање на Саити.

Според Саити, Црвениот крст ужива доверба и углед пред сите одговорни фактори и организации. Потсетува на резултатите од неодамнешното спроведено истражување на јавното мислење за работата на оваа организација во земјата од кои, како што наведува, може да се согледа дека Црвениот крст на РСМ е водечка хуманитарна организација во земјата која ужива голема доверба од нашите сограѓани.

-Годинава ги започнавме подготовките за наше преминување во следните фази од развојот. Процесот го нарековме Трансформација-28. Наша цел е постојано да се надградуваме, да бидеме поуспешни, да бидеме во чекор со новите трендови. Но, и да бидеме самокритични и да инвестираме во области каде постои простор за напредок и подобрување. Уверен сум дека сите заедно во периодот пред нас ќе најдеме сила и мотивација кои ќе не сплотат да бидеме уште поефикасни и поодговорни во духот на основните принципи и вредности на Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, се вели во годишното обраќање.

Според Саити, да се биде дел од Црвениот крст е голема чест, но и одговорност.

-Ние сме организација отворена за сите кои сакаат преку своите мали дела да направат многу за луѓето на кои им е потребна поддршка. Искрено се надевам дека и следната година ќе бидете заедно со Црвениот крст. Секоја подадена рака за поддршка носи голема позитивна промена во животот на луѓето, нагласува Саити.

Генералниот секретар Саити изрази благодарност до сите волонтери, вработени, партнери, поддржувачи на Црвениот крст во Република Северна Македонија, како и до граѓаните кои ги поддржуваат во реализирањето на програми, проекти, кампањи и активности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Република Северна МакедонијаСаит СаитиЦрвен Крст
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

Маричиќ: Да останеме доследни на стратешката цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ

НАЈНОВО

Руте: Поддршката за Украина е притисок врз Путин и зајакнување на нашата безбедност

October 15, 2025

„Менуваме“: Секое слепо лице да има бел стап, пристапна инфраструктура и обучувачи

October 15, 2025

Ангела Василевска избрана за претседателка на УСС УКИМ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk