ЕУ денеска ја потврди својата подготвеност да и помогне на Кина во справувањето со епидемијата на Ковид, вклучително и со обезбедување вакцини.
„Подготвени сме да помогнеме со се што е потребно“, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен уште во април минатата година изрази желба ЕУ да му помогне на Пекинг – со специјалисти, знаење и вакцини, рече портпаролот.
Тој истакна дека ЕУ е подготвена да донира вакцини, без да ги прецизира можните количини. Според него, ЕУ предлага да обезбеди вакцини во согласност со промените на вирусот. „Нашиот предлог останува на сила“, додаде портпаролот.
Тој најави дека денеска и утре претставниците на ЕУ повторно ќе се состанат за да проценат дали се неопходни европски мерки поради укинувањето на претходните антиепидемиски ограничувања во Кина и претстојното продолжување на масовните патувања меѓу азиската земја и Европа. „Ќе постапиме според научните докази“, појасни портпаролот.
Според него, засега здравствените власти во ЕУ не известуваат за појава на нови соеви на вирусот Ковид во Кина. Тој рече дека тоа значи дека Европејците нема за што да се грижат, особено поради тоа што се вакцинирани