ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Политико: Ердоган може да започне војна за да ја „спаси сопствената кожа“

January 3, 2023 19:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ

Претседателските избори во Турција, кои ќе се одржат на 23 јуни 2023 година, несомнено се најважните избори во светот оваа година, пишува Политико. На тие избори, земјата од 85 милиони жители ќе одлучи дали ќе продолжи да се движи кон авторитарна, експанзионистичка моќ или ќе избере полиберален, плуралистички пат.

Првпат откако Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган дојде на власт во 2002 година, постои сериозна можност за политички промени. Популарноста на Ердоган се намали бидејќи економските тешкотии се зголемија и анкетите покажуваат дека тој е во сериозен проблем.

Одговорот на Ердоган на новите проблеми е карактеристично брутален и на домашен и на меѓународен план. И покрај противењето од Вашингтон и од Москва, Ердоган најави дека се подготвува да испрати тенкови во Сирија за да ги истера курдските милиции кои се сојузници со Западот во борбата против милитантите на Исламската држава.

Анкара верува дека курдските милиции се поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Турскиот претседател, исто така, им се закани на сојузниците на НАТО – Грција во врска со споровите околу дупчење гас, Кипар и наводната „милитаризација“ на грчките острови во Егејското Море, иако е јасно дека меѓународната економска и политичка цена од потенцијалниот напад врз Грција ќе биде огромна.

Откако започна руската агресија врз Украина, Ердоган ја позиционираше Турција како неопходен посредник меѓу Москва и Кијив, помагајќи во склучување договор и нудејќи се за домаќин на разговорите меѓу шефовите за безбедност на САД и на Русија. Тој, исто така, успеа да ја поддржи Украина со продажба на воени беспилотни летала, но во исто време одржуваше трговски и енергетски врски со Русија.

Тој не ги загрози односите со рускиот претседател Владимир Путин и не го предизвика гневот на западните земји. Во меѓувреме, турскиот претседател го искористи судскиот систем дома, кој не е многу познат по својата независност, за да се обиде да ги дисквалификува своите најсилни потенцијални противници.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, популарна личност од секуларната левичарска Републиканска народна партија (ЦХП), кој би можел да биде претседателски кандидат на здружената опозиција, е осуден на повеќе од две години затвор. Засега, пресудата е одложена поради жалба, но Ердоган може да се обиде да го забрза судскиот процес и да му забрани на неговиот ривал да се кандидира.

Исто така, на повеќе од 100 политичари од прокурдската Народна демократска партија (ХДП) им се суди за наводни терористички дела, што може да доведе до забрана на движењето. Ердоган, поранешен градоначалник на Истанбул, и самиот се соочи со слично судско малтретирање пред АКП да триумфира во 2002 година.

Осуден е на една година затвор за читање наводна исламистичка песна и му беше забрането да се кандидира на избори. Тешко е да се процени колку далеку е подготвен да оди турскиот претседател овојпат во однос на вистинска воена акција за да го обезбеди својот реизбор.

Во времето на доаѓањето на Ердоган на власт, Турција немаше проблеми со соседите, а сега е во отворен или латентен конфликт со Сирија, Грција, Израел, Египет, Саудиска Арабија и Ерменија. Иако јавното мислење е силно националистичко во Турција, копнен упад во Сирија што би предизвикал реакција од САД или Русија, принудувајќи ја Анкара да отстапи, би можел да има спротивен ефект.

Неговата груба употреба на судството за оневозможување на делувањето на опозицијата, исто така, може да му наштети. Од друга страна, ограничена прекугранична операција со малку турски жртви всушност може да биде прифатлива за гласачите, на ист начин како што редовните израелски напади врз Газа, како одмазда за ракетните напади на палестинскиот Хамас, се сметаат за полициски операции, а не за војни.

Следните месеци ќе бидат исполнети со борбена реторика бидејќи Ердоган ќе сака да ја проектира обновената моќ на Турција во мултиполарниот свет, каде средните сили можат да имаат поголемо влијание бидејќи САД и Русија не се многу подготвени или способни да дејствуваат како глобални полицајци.

Европската унија веројатно ќе биде набљудувач. Иако ЕУ е најголемиот трговски партнер на Турција, таа го загуби влијанието во Анкара, со оглед на тоа што процесот на пристапување на земјата во ЕУ е блокиран и се завршува. На западните земји несомнено би им било полесно доколку Ердоган биде сменет од власт, но тие избегнуваат да и помагаат на опозицијата, иако потајно се надеваат на поумерена, прозападна Турција во јуни.

Tags: ЕрдоганизбориТурција
Next Post

Првпат по 100 години не е избран претседател на Долниот дом на американскиот Конгрес во прв круг

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk