ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Повеќе од 70 министри за надворешни работи ќе дојдат на завршната конференција во рамки на претседавањето со ОБСЕ, најави Османи

January 4, 2023 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ претседавањето ќе заврши со најголемата конференција што била некогаш организирана во Република Северна Македонија. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат во Скопје, од министерот за надворешни работи на САД, на Русија, на сите европски земји, на азиски земји, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најави дека претседавањето со ОБСЕ ќе не чини пет милиони евра.

Подготовките, како што рече министерот, веќе ги имаат сериозно почнато, бидејќи ОБСЕ има одреден правилник за стандардите коишто треба да се исполнат. Османи посочи оти сметаат дека СЦ „Борис Трајковски“ може да ги задоволи безбедносните потреби за одржување на оваа конференција.

– Тоа не се пари за пи-ар. Претседавањето со ОБСЕ ќе заврши со најголемата конференција која било кога е организирана во земјава. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат тука. Ние немаме ни соодветен објект во кој може да се организира тој настан, но решивме дека со соодветни доградувања може да се одржи во салата „Борис Трајковски“.  Ние немаме ни доволно возила да ги превеземе високите гости и сега бараме начини како да го организираме тоа. Придобивките од претседавањето се поголеми од овие трошоци и во оваа голема инвестиција сме влегле свесно бидејќи е голема промоција за државата, рече Османи.

Министерот сепак смета дека придобивките од самото претседавање ќе бидат многу поголеми отколку трошоците што ги имаме.

– Верувајте ние трошоци имаме секојдненво. Ние имаме голема мисија во Виена, над 11 луѓе можеби секој од нив троши толку годишно во смисла на станови, во смисла на плати, меѓутоа ова е инвестиција во којашто свесно сме влегле и ова е престиж и големо признание за државата. 56 земји да ве изберат со консензус вие да ја претседавате организацијата во најтешката година за организацијата е голема привилегија и можност. Така да, ќе има големи трошоци по пат, ќе се обидеме да бидат минимални, меѓутоа да, ќе има трошоци, рече Османи.

Тој додаде и дека бараат начини како да најдат спонзори по однос на возилата за министрите, за да немаме трошоци. Некои трошоци, вели, ќе зависат од тоа дали ќе најдеме спонзори или нема да најдеме.

– Околу пет милиони евра се предвидени во буџетот. Првично ние побаравме осум затоа што сметавме дека пет може да се потрошат само за настанот. Министерството за финансии ни скрати три, ни даде околу пет милиони вкупно. Е сега ние ќе треба да се адаптираме во рамки на тие средства со настаните и пред се со конфернцијата, заклучи министерот Османи.

Tags: Бујар ОсманиКонференцијаОБСЕСкопје
Next Post

Османи: Носителите на „МКарта“ нема да имаат никакви привилегии

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk