ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антикризните мерките на Владата препознаени од компаниите, расте бројот на корисници на субвенционирана струја

January 5, 2023 09:01
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Се повеќе компании, училишта и водостопански компании влегуваат во системот на ЕСМ Продажба, кои ќе добиваат субвенционирана цена на струјата, овозможена со антикризните мерки на Владата.

Како што соопшти ЕСМ од 1 јануари уште 128 нови субјекти се вклучени во овој систем за субвенционирана цена на електричната енергија, со што нивната бројка се искачи на  675. Компаниите кои ја користат оваа мерка за електричната енергија плаќаат 80 евра за мегават час, додека училиштата плаќаат по 95 евра за мегават час.

Со последните бројки, вкупниот број на училишта кои ја користат оваа мерка е 374, додека вкупниот број на фирми од прехранбената индустрија се искачи на 244. Дополнително, мерката ја користат и 57 водостопански претпријатија во државава.

Рокот за пријавување на субјектите кои сакаат да плаќаат електрична енергија по субвенционирана цена од 1 февруари, а од различни причини досега не аплицирале, е отворен до 20 јануари.

Со мерките за субвенционирана цена на електричната енергија, Владата успешно се бори да ја одржи ликвидноста на компаниите во земјава, но и да влијае на намалување на цените на основните прехранбени продукти кои ги плаќаат граѓаните. Се поголемиот интерес за користење на оваа мерка само покажува дека таа е вистинска помош за компаниите.

Освен субвенциите за компаниите, Владата во текот на целата измината година, редовно ја субвенционира и цената за домаќинствата и малите потрошувачи. Како што може да се види и од последните доставени сметки, без субвенцијата на Владата граѓаните ќе плаќаа 73 отсто повеќе за електрична енергија. На овој начин, на граѓаните им остануваат повеќе средства во семејните буџети за полесно да се справат со економската криза.

За полесното справување со енергетската криза, Владата го задолжи ЕСМ да го зголеми домашното производство на електрична енергија и да ги активи сите домашни капацитети. Благодарение на ваквите напори, домаќинствата и малите потрошувачи 100% се снабдуваат со електрична енергија од домашни извори.

 

 

Tags: антикризни меркиелектрична енергијасубвенционирана струја
Next Post
Фото: Фејсбук група, Македонски јазик

Севкупната архива на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ дигитализирана за половина од ветениот рок од две години

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk