Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје на својата официјална фејсбук страница излезе со соопштение во кое известува дека најавената санација за дефект на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бб е одложена поради технички проблеми за нареден период.
Граѓаните што ја контактираа редакцијата на Фронтлајн велат дека се збунети и вчудоневидени од ваквата објава на Јавното претпријатие.
Како тоа одложиле санација на дефект поради технички проблем, се чудат граѓаните.