ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Смртта и предавството не е точна дама

January 10, 2023 15:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Убави се овие предновогодишни и постновогодишни денови. Човек вага, зумира, додава и одзема што направил со себе и колку допринел за да се променат околностите. Всушност, со кого да почнеш ако не почнеш најпрво од себе? И додека размислувам за себе, онака (не)обврзувачки, ги листам дневните онлајн портали, па наидов на следната изјава: „Ако ги вметнеме Бугарите во Уставот како дел од малцинските народи, тоа ќе значи предавство“, вели Христијан Мицкоски, постновогодишно, ни вели во манирот на „имергенција“, во манир на потресеност, се обидува да ја разбуди нацијата, небаре Бугарите влегле со тенкови на нашата граница.

И читајќи го „беседништвото“ на Христијана, се сетив на една убава парабола за робот кој побегнал во Самара затоа што на пазарот ја сретнал смртта, а таа му дала знак за кој овој ја протумачил како закана. После неколку часа, господарот на робот, изгледа личен пријател на смртта, и тој се сретнува со смртта и ја прашува: „Зошто утринава, кога го виде мојот роб, имаше заканувачки израз“? А смртта му одговорила: „Не беше тоа израз на закана, туку израз на изненадување. Се изненадив затоа што го видов тамо, оти попладнево има состанок со мене во Самара“.

Оваа парабола до извесна мера претставува друга крајност на случувањето во Кентаки. Имено, некој човек се буди наутро и има состанок со смртта, а причините за тоа сè уште не се возможни да ги откриеме: не задоцни на состанок човекот, туку задоцни смртта. Бидејќи Џон Крафорд, селанец од 69 години, тој ден станал многу порано од вообичаеното, се избањал и спремил како да оди за на пат. Веднаш потоа легнал во постелата, ги затворил очите и почнал да се моли додека надвор, под неговиот прозор, се гмечат повеќе од 200 луѓе кои чекаат да дојде најавениот невидлив брод што засекогаш ќе го однесе.

Исчекувањето започна три години порано, едно утро кога селанецот за време на појадокот им раскажа на своите синови дека еднаш му се прикажала смртта и му ветила дека ќе дојде по него во осум часот и дваесет минути, на 31-ви декември, 2022 година. Најавата се прошири меѓу мештаните, па дури и цела земја за брзо време разбра за тоа. Зарем порано или подоцна граѓанството нема да умре? Ама смртноста на Џон Крафорд од тој ден беше многу поинаква од смртноста на неговите сограѓани затоа што тој стана смртник со рок на употреба, човек кој можеше да работи сè, дури да се стави на посебен режим на исхрана заснована на корозивен сублимат, со извесност дека чесниот збор на смртта, така сериозно изложена, нема да биде повлечена после толку конечно и точно соопштение.

Од тој ден па натаму, Џон Крафорд на улиците во неговото маало и пошироко, во државата Кентаки, беше познат единствено како „човек кој ќе умре“.

Така што, пред само неколку денови, сите сограѓани на неговото маало, кога се разбудиле наутро, се присетиле дека е 31-ви декември 2022 година и дека за неколку часа ќе дојде смртта на договорениот состанок со Џон Крафорд. Тоа што требаше да биде утро на оплакување, на извесен начин беше празнично утро во кое љубопитните граѓани го одложиле своето присуство на работа само за да можат да присуствуваат на смртта на еден човек. Всушност, луѓето веројатно помислиле дека смртта на Џон Крафорд треба да биде поинаква. Ама љубопитноста на луѓето лежеше во претпоставката: дали смртта ќе го одржи својот чесен збор. За ова да го откријат, се растрчаа купишта на мажи, жени и деца, додека Џон Крафорд се збогува со сите нив во својата постела како со узенгија на тоа невидливо возило кое уште пред три години порано му дозволи да го запознае една од безбројните милиони предградија на неговото бескрајно патешествие.

Одеднаш, со стиснати срца, гледателите заклучуваат дека веќе е 31-ви декември, осум часот и дваесет минути, а смртта сè уште не доаѓа. Од двестотината глави кои се притискаат на прозорот, претставуваше и некоја врста на возвишена огорченост, изневерена надеж. Ама моментот протече. Протече и следниот, и ништо не се случи. Тогаш Џон Крафорд седна во креветот, и зашеметено рече: „Ќе бидам разочаран ако наскоро не умрам“.

Возможно е дека уште сега во овој час, двеста и повеќе луѓе, кои подранија и долго чекореа и воздивнуваат во светлото утро, оваа ладна постновогодишна зима, да стојат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и ја повикуваат смртта, само што наместо смртта, извикуваат: „Предавство“! „Предавство“! „Предавство“!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскипредавствоСамараЏон Крафорд

НАЈНОВО

Силјановска – Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители

May 24, 2025

Премиерот Мицкоски во Охрид на одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

May 24, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk