Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.
„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме“, посочи Резников во изјава за Би-Би-Си.
Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде сфатено како спорно.
Резников доадде дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.
„Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО“, додаде Резников.
Зборувајќи за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешка“, но „под контрола“.