ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска – Доундолуакис: Нови можности за зајакнување на соработката во културата со Грција

January 15, 2023 18:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Бисера Костадиновска Стојчевска

Бисера Костадиновска Стојчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата меѓу Северна Македонија и Грција. Во време на неизвесност, важно е да се негуваат и зајакнуваат односите со соседните земји. Ова беше заклучокот од денешната средба меѓу министерката за кутура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Грција, Елени Доундолуакис.

Средбата се реализираше пред отворањето на Министерската конференција за култура „Алијанса Баукултур“ во Давос.

– Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата меѓу двете земји. Од особена важност е што голем чекор на овој план е веќе направен, но верувам дека допрва следи период на интензивни активности, рече на средбата Костадиновска-Стојчевска.

Доундолуакис истакна дека грчкото Министерство, исто како и македонското, ги следи насоките за интензивирање на односите во културата.

Соговорничките се согласија дека по потпишувањето на Преспанскиот договор значително се продлабочени односите во културата и дека потпишување на билатерален документ меѓу двете држави, ќе биде од особено значење за унапредување на соработката во овој сегмент. Воедно, тоа ќе овозможи размена на конкретни проекти и уметници, како и поголема комуникација меѓу институциите од двете држави.

На средбата беше потенцирано дека соработката во делот на културата е особено видлива меѓу музичките фестивали во двете земји, како и во блиската комуникација и активности на музеите за современа уметност, која веќе дава одлични резултати.

Во таа насока од страна на министерката Костадиновска -Стојчевска, на средбата беше изразен интерес за учество на нашата земја со културни содржини на манифестацијата „Елефсина – Европска престолнина на културата за 2023 година“.

Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на потпишаниот Меморандум за соработката меѓу Министерството за култура на Северна Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, што резултираше со посета на експертска група од Грција и изработка на проект за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

На Министерската конференција за култура, „Алијанса Баукултур Давос 2023“ министрите за култура на земјите потписнички на Декларацијата од Давос 2018, како и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, ќе се осврнат на влијанието на пазарот и на бизнисот во создавањето квалитетна животна средина, со културата како нејзин составен дел.

Извор: МИА

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаГрцијаДоундолуакисМинистерство за Културасоработка
Next Post

(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk