ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Давос: Северна Македонија стана дел од Алијансата „Баукултур“

January 16, 2023 21:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вториот ден од Министерската конференција во Давос, која е посветена на изјавите, усвојувањето на документите и востановувањето на Алијансата „Баукултур 2023“, рече дека основањето на Алијансата е добра вест и за Северна Македонија и дека тоа ќе биде мрежа која ќе ја иницира соработката на јавниот со приватниот сектор, а резултатот ќе донесе бенефит за сите.

-Станувајќи членки на Алијансата „Баукултур 2023“, ние преземаме и одговорност – одговорно да се однесуваме кон правото на секој човек да живее и да создава во хуман амбиент. Точно е дека секој има право да заработи, но не и да профитира од менталното здравје и од социјалниот живот на луѓето. Тоа не е бизнис со економски бенефит за сите. Тоа е корупција со лоши последици за сите, посочи министерката Костадиновска-Стојчевска.

На Конференцијата, Костадиновска-Стојчевска пред присутните нагласи дека Северна Македонија има големо културно наследство, богатство од минатото, кое ја дефинира нашата сегашност и кое неминовно е дел од културниот идентитет и на Европа.

 – Затоа подавам рака, зашто имаме многу заедничка работа. Македонското културно наследство е нераскинлив дел и сведоштво од секоја историска епоха на европскиот континент – додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека многу аспекти од Декларацијата од 2018-та за „Баукултур“ се имплементирани во нашите национални стратегии и бидејќи потенцијалот на Европа да се хуманизира просторот е влезен во фаза на сериозно ангажирање, како што вели таа, уште еднаш нагласи дека ќе иницира формирање на Оддел за „Баукултур“ во рамките на Министерството за култура и тоа очекува да го реализира во најкраток рок.

– Актуелните случувања уште повеќе ја потврдуваат неопходноста од „Баукултур“ – суштински и длабоко да го разбереме поимот и преку неговата примена да стане европски начин на живот, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Во рамките на Конференцијата во Давос, меѓу другото, под главно спонзорство на балтичките држави, беше изгласана заедничка изјава за закрепнување и обнова во Украина, за што поддршка даде и Република Северна Македонија.

Што е „Баукултур“ (Baukultur)?

„Баукултур“ се дефинира како градење културен чин и простор за култура, кој ја гледа целата дизајнирана животна средина како кохерентна целина, од постоечки згради до современ дизајн, од мали рачно изработени детали до згради и отворени простори до големи инфраструктури, и од процесот на планирање преку изградба и работење до повторна употреба. Втората конференција на Баукултур во 2023 година се фокусира на имплементација, што бара соработка меѓу политиката, приватниот сектор и граѓанското општество. Градови, села, куќи, патишта, мостови, градини, плоштади, простори, пејзажи се дел од Баукултур. Зајакнувањето на „Баукултур“ е важно ако треба да се најдат решенија за сегашноста предизвици, како што се климатските промени, енергетската транзиција, внатрешен урбан развој, позелени населби и раст на населението. Исходот е одржлив, атрактивен и инспиративен простор за живеење, информираат од Министерството за култура.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БаукултурБисера Костадиновска СтојчевскаДавосКонференција

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk