ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Нуредини: Ги подигнуваме стандардите за управување со отпад

January 17, 2023 12:46
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедуваме финансиски средства со кои ги подигнуваме стандардите за управување со отпад, одржување на чиста и здрава животна средина, а со тоа и грижа за потребите и здравјето на граѓаните, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешното потпишување на договорот за заем во вкупен износ од 55 милиони евра со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) наменет за изградба на регионални системи за управување со отпад во сите пет плански региони во земјава.

Нагласи дека со  обезбедените средства се планира воспоставување и развој на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион што значи директна помош на општините од сите региони

Новиот пристап, како што кажа, ќе овозможи имплементација на подобро собирање, транспортирање и депонирање на отпадот и изградба на санитарни депонии во согласност со националното и ЕУ законодавство за депонии.

-Инвестицијата опфаќа и набавка на контејнери за комунален отпад и набавка на возила за собирање комунален отпад. Дополнително, ќе работиме и на развивање навики и подигање на свеста кај населението за селекцијата на отпадот и придобивките што ги имаат од тој процес, рече Нуредини.

Ова, според Нуредини, е долго очекуван процес на имплементација на Регионалниот проект за управување со цврст отпад според европските стандарди, процес што бара големи финансиски средства и во исто време треба да биде достапен за домаќинствата и правните лица.

-Конечно, по 31 година независност, Северна Македонија сериозно инвестира во изградба на инфраструктура за управување со отпад според европските стандарди, што ја потврдува нашата посветеност како Влада и Министерство за реализација на зелената агенда на земјата. Дополнително, управувањето со отпадот во согласност со пропишаните стандарди на ЕУ ќе обезбеди имплементација на принципите на циркуларната економија во земјата, потенцира Нуредини.

Tags: животна срединаНасер Нуредини
Next Post

Обидот за влез на АА во Владата, Ахмети го објаснува со создавање алијанса за Европа

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk