Актерот и пренк-комичар, Волтер Мастерсон ѝ се придружи на групата мажи кои протестираа пред Канцеларијата за планирано родителство во Њујорк и се преправаше дека е еден од нив.
„Ги мразиме жените!“ и „Сакаме да ја контролираме жената“, извикуваше Мастерсон стоејќи во толпата помеѓу демонстратите веднаш до свештеникот Фиделис, за кој исто така извикаше дека го поддржува во тоа што ги напаѓа здравствените болници,
Свештеникот Фиделис изгледаше многу изнервирано, па реагираше со тоа што му ја стави раката врз него и му рече дека мегафонот е прегласен, така што да оди на друго место да извикува што сака.
„Мразам жени. Јас треба да бидам тука“, извика Мастерсон, при што Фиделис одговори дека очигледно пренк-комичарот Мастерсон не припаѓа во групата.
Групата продолжи со протестот, како и пренк-комичарот со своите извкувања дека ги мрази жените. Фиделис повторно се појави и му се закани на Мастерсон, барајќи од него да си замине, но очигледно дека комичарот не беше исплашен од алфа машкиот потег на Фиделис.
Мастерсон се насмевна и рече: „Тука сум затоа што не можам да им верувам на жените сами да носат одлуки во животот“, исмејувајќи се рече Мастерсон.
Мастерсон продолжи да ги провоцира демонстрантите меѓу кои стоеше велејќи работи како да бевме вистински христијани, би ги поддржале жените и нивното право на избор.
„Ние не сме вистински христијани. Сакаме сите да го знаат тоа. Ако навистина се грижевме за жени или деца, би поддржале еден тон социјални програми“, извикуваше пренк-комичарот и актер Волтер Мастерсон.