ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Забрана за влез на европратеник и други бугарски политичари заради дејствијата кои ги преземаат против нашата држава

January 23, 2023 18:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа 18-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.

Покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот, беа присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, директорот на Агенцијата за национална безбедност и началникот на Генералштабот на Армијата.

На седницата се дискутираше за актуелната безбедносна состојба во земјава, во нашиот регион и во поширокиот евро-атлантски простор.

На почетокот на седницата, министерот за надворешни работи реферираше за неговата посета на Украина и првите недели од нашето претседавање со ОБСЕ.

ОБСЕ беше тема на Советот за безбедност затоа  што е пред сѐ, организација за безбедност, во која членуваат 57 држави, од САД и  Канада, сѐ до Русија и Централна Азија.

Главен предизвик е, и ќе биде, за жал војната во Украина, затоа неодамна и испративме амбасадор во Москва, во случај да треба олеснување или воспоставување на контакти меѓу Русија и Украина, покрај другите субјекти кои тоа можат да го направат и ние сме на располагање, заради улогата на претседавачи со ОБСЕ која ја имаме оваа година, смета Пендаровски.

За состојбата на Косово, реферираа министерката за одбрана и началникот на Генералштабот.

Како пто имформираше претседателот, таму имаме војници во КФОР кои во моментов, не се ангажирани на северот од земјата, но, се дел од заедничката мисија; имаме и офицери во командата на мисијата во Приштина кои се дел од процесот на централно планирање.

Добра вест е дека таму состојбата се смирува, во тек се дипломатски иницијативи во кои се вклучени неколку релевантни меѓународни актери и добро е што двете страни се вратија на дијалогот. Можеби нема да има договор во овој период, но, секогаш е подобро да се разговара во институциите, отколку луѓето да се на терен, а силите на НАТО и на ЕУ да се помеѓу вас, нагласи Пендаровски.

Сппоред него, посебен фокус на седницата беше ставен врз најновиот развој на настаните во односите со Бугарија. Поводот не беше само немилиот настан во Охрид затоа што тоа е само мало делче од целиот мозаик.

На таа тема реферираа директорите на службите, а потоа во дискусијата се вклучија и останатите членови на Советот.

Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи, се работи за организирани активности од страна на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачка рамка во јули мината година.

Истите овие структури се веќе мобилизирани, и логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари, кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев., соопшти шефот на државата. Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува.

Пендаровски смета дека на вакви организирани антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци, можеме да се одговори на два начина: првиот е, со културна дипломатска реторика, како и досега, и тој круг на провокации, кој често не останува само на зборови, туку предизвикува и насилство, сигурно нема да заврши, но ова ќе продолжиме да го правиме и понатаму. Второ, со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви ситуации.

Знаете дека Советот за безбедност е советодавно тело на претседателот, кое не одлучува, туку дава предлози до Собранието и Владата, посочи Пендаровски и додаде дека неговиот предлог до Владата кој го изнесе и на седницата, е согласно одредбите на Законот за странци, да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Бугарија, заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава.

Законските услови за изрекување на таква мерка постоеја и порано и сѐ уште постојат, тоа се, трите според законот, ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност, или закана за меѓународните односи на Република Северна Македонија.

Тоа во принцип значи, конкретно, ако таквите лица се надвор од земјата, да не им биде дозволен влез, а, ако се веќе внатре, да им биде откажан престојот и да бидат прогласени за персона нон грата.

Според претседателот, за настанот на 4 февруари да помине како што доликува, ќе мора да се преземат сите неопходни мерки и на терен, а, тоа значи, од граничните премини па сѐ до главната локација во Скопје каде пристап треба да имаат само луѓето, Македонци или Бугари, сеедно, кои сакаат да му оддадат почит на делото на Делчев, но, не и оние кои доаѓаат со цел да го понижуваат и негираат македонскиот народ.

На крајот, Пендаровски упати порака до надлежните институции во Бугарија, кои не се дел од овие сценарија:

Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме, апелира Пендаровски.

Секоја сериозна држава впрочем на светот тоа го прави, вклучително и Бугарија.

Предлагам, во наредниот период, далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел, да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни, кажа на крајот од обраќањето претседателот Пендаровски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: безбедносни меркибугаријабугарски политичариЕвропратеникзабрана за влезСтево Пендаровски
Next Post

Германија ги испрати првите две единици за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Полска близу украинската граница

НАЈНОВО

Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителство поведе постапка против 19-годишник за серија кражби

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk