ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Избори не се решение за проблемот со мнозинството за уставни измени

January 24, 2023 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите изјави дека постапката за уставни измени најдоцна би требало да почне во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ.

Џафери рече дека не мисли дека избори ќе го решат проблемот со немањето доволно гласови (80) за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомпилицира целата работа. За тоа како да се надмине проблемот со мнозинството претседателот на Собранието вели, власта и опозицијата да седнат да разговараат.

-Јас можам да распишам избори само во моментот кога ќе се согласат политичките партии да се распушти Собранието или кога ќе заврши маднатот во последните 90 дена. Во други услови партиите треба да излезат со соодветен предлог, рече Џафери.

Собранието речиси и да нема кворум за работа, а Џафери вели дека тој прави се за да создаде услови за работа и оти тоа е единствена негова одговорност. – Во однос на партиска политичка одлука на пратениците немам одговорност, рече тој.

Според Џафери, обврска е на секој пратеник да биде на работно место без оглед дали е тоа мнозинството или опозицијата.

-Деловникот не вика дека има посебни права и обврски на мнозинството и посебни права на опозцијата, обврска е за секој пратеник да бдие на работно место и право да одлучува по односните прашања а како ќе се однесуваат пратениците тоа си е веќе нивна одговорност, рече тој.

Се очекува претседателот на Собранието да свика нова средба во рамки на Жан Моне процесот, а неговите најави се дека до април или мај треба да се знае дали ќе има нов деловник или измени на постојниот и процесот да заврши со присуство на европратениците.

Претседателот на Собранието вели нема информации до каде се разговорите за влез во Владата на Алијансата на Албанците и оти е тоа работа на политичките партии. Се додека пратеници од опозиција не го известат дека се дел од мнозинството, тој ќе смета дека состојбата во Парламентот е иста.

Џафери искажа добредојде за ново парламентарно мнозинство, појаснувајќи потоа дека секоја поддршка за работата на Собранието е добредојдена.

-Секако очекувам од тие информации што ги имам и што одат работиве, верувам дека тоа ќе резултира со соодветно позиционирање на соодветниот субјект, вели претседателот на Собранието Кога бисе случила седница за евентуална реконструкција на Влада, Џафери дециден дека се зависи од тоа како ќе завршат разговорите.

-Може да биде оваа недела, може следната, а може и да не биде, рече Џафери.

Од пратениците кои ја поддржуваат т.н. огнена група на ДУИ, Џафери вели дека на седници не доаѓа само Изет Меџити и оти доколку има некоја промена, тој ќе треба да го извести за неговиот статус. Останатите пратеници од ДУИ што се од огнената група доаѓаат во Собранието.

За неговото учество на партиските активности во ДУИ и за тоа дали со лидерот на партијата Али Ахмети разговара за немањето кворум во Собранието, Џафери вели дека со него разговара за се но дека

-Али Ахмети нема договор со мене за коалицирање, има со партнерите и тие се тие што треба да разговараат и да одлучат во однос на состојбата, а не со мене, рече претседателот на Собранието.

Џафери не смета дека има потреба за седница за односите со Бугарија на која министерот за надворешни работи би реферирал.

Претседателот на Собранието на денешната средба со новинарите оцени дека безбедносната состојба е стабилна, а други облици на влијанија вели дека има и затоа соодветно институциите кои се надлежни институциите да ја следат состојбата и соодветно да реагираат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориСобраниеТалат Џафери

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел

June 14, 2025

Оклахома го израмни резултатот во финалето на НБА-лигата

June 14, 2025
Фото: МИА

Деветтиот „Марш за ангелите“ во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk