Белградскиот бизнис магазин „Неделник“ направи ранг листа на стоте најбогати луѓе во Регионот, односно во земјите од екс-ју. Најголем дел од нив се деловни луѓе од Србија (46), потоа Хрватска со 27 претставници, Босна и Херцеговина со 12, Северна Македонија со седум и Црна Гора со шест мегабогаташи.
На листата се наоѓаат само три жени од кои едната е од Хрватска, а две од Србија.
Бисера Драгичевиќ од Хрватска е сопственичка на текстилната компанија НИРД и вкупната вредност на нејзината фирма е проценета на 658.207.992, а таа се наоѓа на 36.место, таа не е многу присутна во медиумите и речиси и да нема никакви информации на социјалните мрежи.
На 46. место се наоѓа Јасна Станивук од Магна Фармација од Србија пак тежи 560.487.777, а бизнисот го започнала во далечната 1993 година, а таа и нејзината аптека Магна го зголемија нето приходот за време на ковидот во споредба со 2016 година за речиси 11 пати, во милиони евра.
На 76. Место пак се наоѓа Соња Петриќ со компанијата Промист, Галенс Инвест од Србија но заеднички со нејзиниот сопруг Небојша Петриќ имаат 310.737.902.
Tие се познати во Србија по протестите на земјоделците откако во 2021 година откако сопственикот на компанијата Галенс, Небојша Петриќ, преку неговата фирма „Промист доо“ во увезол од Русија над 30.000 тони неквалитетно вештачко ѓубриво, кое на локалните земјоделци им се продавало како најдобро. Покрај штетата што ја предизвика оваа измама на секој земјоделец во вид на помали приноси, сопственикот заработил речиси три и пол милиони евра.
Листата на 100-те најбогати во Регионот ја составија експерти од две реномирани консултантски компании кои работат на Њујоршката берза. Тие ги искористија, како што наведуваат, најавторитетните мултипликатори на Stern School of Business на Универзитетот во Њујорк (и компаративни компании), а во анализата ги вклучија и резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.
Истовремено, составувачите на листата предупредуваат дека не се работи за лично богатство и дека не сакале да покажат колку пари имаат овие претприемачи, туку колку вредат нивните компании и колку пари би можеле да добијат ако се продадат.
Подготви С.Танеска / Цивил Медиа