ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воена инвазија или културен натпревар? Македонците од секогаш биле против окупации

January 24, 2023 15:14
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мирот беше и остана главен идеал за кој отсекогаш се стремеле Македонците и сите нивни сограѓани во земјава. Водејќи се од премисата на херојот Гоце Делчев, за кого светот е поле за културен натпревар меѓу народите, на овие територии кај народот преовладува желбата за мир и соживот, но и порив за натпревар во спортот, културата, па и политиката.

Во минатото пак, борбата се водела и за слобода, но против поробувањата и туѓите окупации. Од друга страна денес, во поновата историја Македонија е запаметена како земја која без ниту една пролиена капка крв, го потврди својот суверенитет и независност од поранешна Југославија. Се закити и со епитетот „оаза на мирот“. Со современи методи, со пенкало на референдум, Македонија ја прогласи својата самостојност и зачекори на патот кон развој на демократијата.

Предизвици на патот имаше, особено 2001-вата година кога внатрешниот конфликт се закануваше да прерасне во војна. Сепак, победи мудроста и беа донесени значајни државнички одлуки кои ја потврдија безбедноста на сите граѓани кои живеат во земјава. Мирот оттогаш па навака продолжи да се надоградува и негува, како дома, така и во регионот.

Но, малку пошироко, ама не и далеку, предизвици на европско тло повторно има. Во најголемата војна на континентот, после Втората светска, украинскиот народ е во борба против руската неоправдана инвазија.

И покрај доминацијата во културата, особено книжевноста, денешна Москва не го разбира светот онака како што на ум го имаше Делчев. За Русија сега натпреварот е за територии, а во битката не бира ниту средства. Згаснаа животите на над седум илјади украински цивили, повеќе од единаесет илјади се тешки повредени, а меѓу нив и стотици деца. Дванаесет милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови поради воздушните напади од агресорот. Воената инвазија на Путин зад себе единствено остави крв и урнатини, како и докази за многубројни злосторства над човештвото и геноцид.

Видео извор: instagram.com/portal_mk/

Tags: културен натпреварМакедонцимирсоживот
Next Post

(ВИДЕО) Холандскиот десничар Едвин Вагенсвелд го искина Куранот пред Парламентот во Хаг

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk