Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за белградска „Политика“, ги призна заслугите на поранешниот премиер Зоран Заев за отварањето на процесот „Отворен Балкан“, како единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија за излез од оваа криза.
„Ние сме мала земја од која не зависат многу глобални процеси, но одлуките што ги носат политичарите на овие процеси многу влијаат на животот на нашите граѓани. За доброто на животите на нашите граѓани и нашата иднина треба да работиме на градење мир овде и на тој начин да придонесеме за мирот во Европа. Еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител, како што кажавте, заедно, без поголеми последици. Единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија во оваа криза е да покажеме дека ги научивме лекциите од минатото и дека градиме подобра заедничка иднина“, вели Мицкоски одговарајќи на прашањето: Дали е ова шанса за мир меѓу малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“?
Само неколку месеци предходно, Мицкоски за ТВ21 изјави дека не ја знае суштината на проектот за регионална соработка „Отворен Балкан”, бидејќи Србија и Албанија не граничеле меѓу себе.
Д. Мишев / Цивил Медиа