Најмалку две лица се убиени, а пет се повредени во нападот со нож во воз во северна Германија, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на портпарол на федералната полиција.
Германската полиција соопшти дека маж нападнал со нож неколку патници пред возот кој патувал од Кил кон Хамбург да стигне на железничката станица во Брокштет.
Портпаролот на полицијата во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн потврдил дека имало напад со нож и дека има жртви, но не дал прецизни податоци за нивниот број. Осомничениот е уапсен.
Во тек е полициска истрага на железничката станица во Брокштет, објавија на Твитер од германската железница Дојче Бан.
„Шпигел“ пренесува дека нападот се случил околу 15 часот, пред возот да стигне до станицата во Брокштет. Други информации за повредените и за нападот засега нема.
Извор: МИА