ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Нема да има ценовен шок до крајот на 2023 година

January 26, 2023 14:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и оваа година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза за што се предвидени 225 милиони евра во Буџетот. Како што рече, одговорајќи на пратенички прашања, Владата вети дека нема да има ценовен шок за граѓаните до крајот на 2023-та.

„Во мојот Кабинет ангажирав советници со големо искуство во економијата и енергетиката, работевме деноноќно, со план, со знаење и со напорите што ги направија сите институции, се потврди дека може на граѓаните да им се испорача тоа што им е ветено и да нема ценовен шок ниту за нив, ниту за комапниите“, подвлече Ковачевски.

Тој се осврна на двата пакета антикризни мерки вредни 760 милиони евра кои, според Светска Банка, беа најголеми од сите земји во регинот. Напомена и дека веќе има намалување на цената на лебот, млекото и зејтинот во маркетите.

„Се интервенираше уште кога почна растот на цената на струјата. Во декември 2021 година се замрзна цената на основните прехранбени производи за три месеци, заклучно со февруари 2022 година, пред војната во Украина. Потоа преминавме кон ограничување на маржите, мерка која е продолжена до 30 април 2023 година и тоа важи за белиот леб, зејтинот, шеќерот кои остануваат со пет отсто трговска маржа, а млекото, кашкавалот, јајцата,… се со 10 проценти маржа. Граѓаните се уверија дека Владата, како што кажа, не дозволи ценовен шок во однос на електричната енергија за населението и малите потрошувачи“, потенцира премиерот.

Во врска со субвенциите што ги пишува на сметките за струја, Ковачевски рече дека се можност граѓаните да имаат увид каде се трошат парите од Буџетот, но претставуваат и поттик за уште поголемо штедење електрична енергија.

-Со задоволство можам да кажам дека имаме 15 проценти заштеда на електрична енергија во 2022 во однос на 2021 година, заклучи Ковачевски.

Tags: Димитар Ковачевскиекономската и енергетската кризасубвенции
Next Post
Скриншот од видео снимка на руските воздушни напади врз цивилни цели во Украина.

Рускиот ракетен терор се засили ден по одлуката на Германија и САД за испраќање тенкови во Украина

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk