ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Апели за политички консензус за уставните измени и продолжување на европската перспектива

January 27, 2023 09:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ги почна пристапните преговори со ЕУ лани на 19 јули, но за нивно продолжување во втората фаза, по завршување на билатералниот скрининг кој успешно се одвива, услов е спроведување на уставните измени и напредок во реформите, порачаа вчера извори од Европската Унија, посочувајќи дека е потребно обезбедување консензус за промена на Уставот. Повик за политичкото обединување околу евроинтегративниот процес и уставните измени, што ќе ја гарантираат европската перспектива на земјата беше упатен и од средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, додека премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница апелираше за политички консензус со кој ќе се обезбеди континуитет во процесот на преговори со ЕУ.

Според изворите од ЕУ, вклучување на бугарската заедница во Уставот е обврска, но и суверен избор на земјата, која од досегашните примери „има силно досие во однос на меѓуетничките односи“. Тие оценија дека за уставните измени постои оптимизам, апелирајќи за водење рационална дискусија на сите политички субјекти за да се постигне консензус и да се обезбеди поддршка во Собранието за промена на Уставот.

Земјата треба да се фокусира на нејзината долгорочна цел, членството во ЕУ преку фокусирање на европската реформска агенда и спроведување на процедурата за уставни измени која е доста сложена, оценуваат изворите од ЕУ.

Во однос на барањето на опозицијата за добивање гаранции од Брисел дека по евентуалното донесување на уставните измени нема да има нови блокади од Бугарија, според истите изворите, тешко е да се замисли дека Унијата би можела да даде какви било гаранции дека во процесот на преговори нема да се појави ново вето, но постои голем интерес „да не се дозволи прашања поврзани со историјата да станат дел од преговарачкиот процес“.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од собраниската говорница, зборувајќи за текот на скрининг процесот, истакна дека годинава мора да имаме политички консензус со кој ќе обезбедиме континуитет на процесот на преговори со ЕУ.

– Од клучна важност е да имаме успешни уставни измени и одржување на втората меѓувладина конференција. Оваа година, мора и треба да биде година на обединување околу европската перспектива и за тоа каде државата ќе се движи во следните десет години, истакна Ковачевски во одговор на пратеничко прашање, нагласувајќи дека текот на скрининг процесот се одбива со предвиденото темпо и државата мора да ја задржиме оваа динамика во текот на целиот процес на преговори со ЕУ.

Тој нагласи дека Владата е одлучна да ги спроведе сите неопходни реформи со цел да станеме кредибилен член на европското семејство.

– Ова е наша историска можност која ја чекавме долго и сега кога имаме можност не смееме да ја пропуштиме. Преговорите со ЕУ се можност од темел да се трансформира и реформира нашата држава, на нашите граѓани да им овозможиме европски услови за живот и работа и тоа тука дома, истакна Ковачевски.

Задачите и обврските кои земјава треба да ги заврши оваа година поврзани со процесот на евроинтеграција, беа тема на разговор и на вчерашната средба во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

При тоа, Вархеји повика на успешно и брзо спроведување на неопходните реформи и со политичкото обединување околу евроинтегративниот процес и успешните уставни измени Северна Македонија да ја загарантира европската перспектива.

Тој ја потврди поддршката која Северна Македонија ја има од европските партнери, која според Маричиќ, треба да ја искористиме и да биде мотив подинамично и интензивно да продолжиме со процесот на преговори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУСеверна Македонијауставни измени

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk