По повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари, евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка во Република Северна Македонија, Ангела Агелер на Твитер профилите им оддадоа почит на жртвите на Холокаустот.
Гир: Антисемитизмот и сите форми на расизам и ксенофобија денес не смеат да имаат место во Европа
„Денеска им оддаваме чест на милиони Евреи убиени во холокаустот за време на Втората светска војна. Тука, во Северна Македонија, особено се сеќаваме на повеќе од 7.000 Евреи убиени во логорот на смртта Треблинка. Антисемитизмот и сите форми на расизам и ксенофобија денес не смеат да имаат место во Европа“, напиша ЕУ амбасадорот Дејвид Гир на Твитер.
Today we honour t/ millions of Jews killed in t/ Holocaust during t/ 2nd World War. Here in North Macedonia we remember in particular t/ more than 7,000 Jews murdered in Treblinka Death Camp.
Antisemitism and all forms of racism and xenophobia must have no place in Europe today https://t.co/jwC4ltBDmR— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) January 27, 2023
Агелер: На Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, им оддаваме чест на 6-те милиони Евреи и милиони други убиени нацистите и нивните соучесници
„На Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, им оддаваме чест на 6-те милиони Евреи и милиони други убиени нацистите и нивните соучесници.“, напиша американската амбасадорка во Република Северна Македонија, Ангела Агелер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
On International Holocaust Remembrance Day, we honor the 6 million Jews and millions of others the Nazis and their accomplices murdered. #WeRemember #NeverAgain #HMD2023 pic.twitter.com/M2HGSaESUd
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) January 27, 2023