Израелската полиција соопшти дека најмалку седум лица загинаа, а тројца се повредени во петокот во пукотница во близина на синагога во Ерусалим. Наводниот стрелец, исто така, подоцна бил убиен од полициските сили, според полицијата, јави Си-Ен-Ен.
„Како резултат на нападот, констатирана е смрт на 7 цивили, а 3 други се повредени со дополнителен степен на повреди“, соопшти полицијата.