„Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.
До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.
Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.
„Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.
Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.
Извор: МИА